Заспаната монструозна црна дупка се разбуди

0
Монструозна црна дупка се разбуди

Toa што е прикажано на сликата е V404 Cygni (Лебед), бинарен систем составен од ѕвезда и црна дупка, оддалечени од Земјата на некои 7800 светлински години. Системот беше неактивен последните 25 години, но пред една недела, Свифт сателитот на НАСА (NASA’s Swift satellite) забележа ненадеен излив на активности.

V404 е бинарен систем, составен од ѕвезда и црна дупка кои орбитираат меѓусебно. Материја се излива од ѕвездата во црната дупка, каде што се загрева и испушта бранови со рентген зрачење и гама-зрачење пред целосно да исчезне во црната дупка.

Последен пат кога е забележана таква активност од V404 беше во далечната 1989 г. Повторното активирање беше забележано на 15-ти јуни, кога Свифт забележа нови изливи на гама зрачење.

V404 Cygni, забележани пред и после будењето

Веднаш потоа поголем број на телескопи од Земјата започнаа со следење на активноста на V404 и на други бранови должини и беа забележани интензивни рентген-зрачења.

„Во овој момент, однесувањето на овој систем е многу невообичаено, со повторувачки силни изливи на светлина во периоди пократки од еден час, нешто што ретко го гледаме кај другите системи со црна дупка. Моментално, овој систем е најсветлиот објект на небото гледано со X-зрачење, до 50 пати посветло од маглината Рак (М1), која нормално представува еден од најсветлите извори на високо енергетско зрачење на небото.“

Превод: Марија Стојановска

Извор: Gizmodo

Сподели.