Забележан е пар од супермасивни црни дупки

0
Уметничка перспектива на бинарен систем од супермасивни црни дупки/ Заслуги ESA—C. Carreau

Уметничка перспектива на бинарен систем од супермасивни црни дупки/ Заслуги ESA—C. Carreau

Двете супермасивни црни дупки се сериозен показател на спојувањето на две различни галаксии. Тоа произлегува од сознанието дека секоја масивна галаксија (вклучувајќи ја и нашата) поседува една супермасивна црна дупка во нејзиниот центар. До сега постојат само неколку пронајдени кандидати, а сите тие припаѓаат на активни галаксии каде тие растегнуваат гасовити облаци—деструктивен процес кој го загрева гасот до толку што тој сјае во широк електромагнетен спектар. Тие се означени како “активни“ заради светлиот центар кој го поседуваат.

Новооткриениот бинарен систем од супермасивни црни дупки—пронајден од тим воден од страна на Фекун Лиу од Пекингшкиот Универзитет—не се наоѓа во активна галаксија. Овој систем се наоѓа во т.н. “обична“ галаксија и тоа првата од ваков вид.

Постои можност дека цела популација на “неактивни“ галаксии поседуваат бинарни системи од супермасивни црни дупки во нивниот центар, вели ко-авторот Стефани Комоса од Макс-Планк Институтот за Радиоастрономија. Сепак, нивното пронаоѓање е тешка задача бидејќи неактивните галаксии немаат гасовити облаци со кои константно би ги снабдувале црните дупки – што резултира со црни и темни центри (јадра) на галаксиите. Како замена, неактивните галаксии се “хранат“ од т.н. “плимини нарушувачки настани“ кои се случуваат спорадично (повремено). Тоа се случува кога гравитацијата од црната дупка ја растргнува ѕвездата на мали делчиња, настан од кој произлегуваат блесоци од X зрачења.

XMM – Њутон повеќе-огледалната мисија од Европската Вселенска Агенција, го набљудувала небото по случан шаблон кога, на 10 Јуни 2010 година, забележала плимино нарушувњае кај галаксијата SDSS J120136.02+300305.5. Денови подоцна, таа сеуште исфрлала X-зраци во вселената.

Тогаш нешто чудно се случило. X-зраците паднале на ниво кое не било забележливо помеѓу 24-тиот и 48-иот ден од нивното откривање. Но потоа, тие повторно се појавиле и продолжиле со очекувана стапка на опаѓање, како ништо да не се случило. “Токму ова претставува ефектот кој би требало да го очекуваме од пар супермасивни црни дупки кои орбитираат една околу друга, “, објаснува Лиу.

Моделите за бинарни системи од црни дупки на Лиу, предложуваат ненадеен пад во темнина, кој потоа е проследен од очекувано зрачење. Гравитацијата на едната црна дупка може моментално да го потроши “горивото“, од исфрлање на X-зраци, на другата.

Тој пресметал две можни конфигурации: една со елиптична орбита, а друга со кружна орбита. Во двата случаи, црните дупки биле одделени само 0,6 милипарсеци, (две илјадити дел од светлинска година). Ова блиско растојание укажува дека тие евентуално ќе влезат во заедничка спирала и за околу 2 милиони години, ќе се спојат во единечна црна дупка.

Бинарните системи од супермасивни црни дупки може да објаснат како галаксиите еволуираат до денешните форми и големини. “Последното спојување се очекува да биде најсилниот извор од гравитациски бранови во Универзумот,“ вели Лиу.

Патеки од X-зраци снимени од XMM-Њутон мисијата за време помеѓу 2001 и 2012 година. Засуги : ESA/A

Извор: IFLS

Превод: Бојан Андоновски

Сподели.