Ова беше интересна недела за физичарите имајќи предвид дека астрономите предводени од Max Planck Институтот во Германија ја креираа првата 3D мапа на Универзумот со детали почнувајќи од само 3 милијарди години по Големиот прскот. Исто така, Lockheed Martin објавуваат нови откритија во врска со нивниот концепт за реактор на компактна фузија – сметан за најсовршениот извор на енергија. Тие велат дека се на вистинскиот пат за негово развивање а прототип – го најавуваат за само 5 години. И за крај, физичари од Кина и Сингапур спроведоа тестови кои ги зацврстуваат темелите на EPR насочувањето – се работи за постоење на силен вид на заемна поврзаност, во кој двата система не се само поврзани, туку поврзаноста е присутна во специфична насока.
Прилично голема недела и за проучувачите на Земјата. Темата е нејзиното магнетно поле, а заклучокот дека тоа може да се промени за само еден животен век – околу 100 години. Друг тим на истражувачи пронајде дека нивото на CO2 во атмосферата е пониско од очекуваното поради растенијата и дека летало кое е државна тајна слетало на аеродромот во Калифорнија по двегодишен лет, што покренува прашања за неговата намена.
Нешто малку попрактично: научници од Сингапур открија батерија која ќе може да се наполни до 70% за само две минути, а и да трае цели 20 години. Потоа, тим на Siemens објави дека дизајнирал електрични возила што штедат на простор и тежина во однос на минатите, со тоа овозможувајќи им поголема километража со едно полнење.
Неповрзано со претходново, но сепак впечатливо, научници од Англија објавија дека мислат дека ја пронашле причината за над 40% од предвремените породувања. Доколку се во право и се пронајде лек за оваа причина драстично ќе се намали смртноста меѓу новороденчињата која е резултат на предвремено породување.
За крај, ќе излезе дека депресијата кај некои луѓе е предизвикана од пореметувања во цревните бактерии и нивната интерреакција со нервниот систем?! Дали нарушувањето во цревната флора предизвикано од земање антибиотици повлекува развој на депресија кај определени луѓе? Според последните истражувања, сосема возможно…
Превод: Милан Велков
Извор: Phys.org