Откритието на еден од најскапоцените елементи за животот на месечевите полови може да е значаен чекор во колонизирањето на Месечината.
Официјално има мраз на месечината според најновиот извештај на НАСА. Истражувачите барале знаци за вода со години, но дефинитивен доказ за воден мраз не бил најден до неодамна. Истражувачите од универзитетот на Хаваи воден од Шуаи Ли работеле со тим од универзитетот Браун и Ричард Елфик од Ејмс истражувачкиот центар на НАСА за да го направат откритието. Тимот го искористил Месечевиот Минералошки Мапер (М3) за да ги забележат специфичните карактеристики кои го докажуваат присуството на мраз на површината.
Откритието додатно ни дава надеж да сонуваме за одржливи човечки населени места на Месечината кои ќе го колонизирааат овој планетарен објект кој ни е на дофат. Соиред Ангел Абуд-Мадрид, директорот на центарот за вселенски ресурси при рударското школо во Колорадо – “Има потреба од тоа да се знае дали има мраз на површината за да се екстрахира. Ова не носи чекор поблиску до дознавање повеќе за површината на месечината и колку е пристапен мразот.“
Историјат на надежта за мраз на месечината
Истражувачите нагаѓале со децении дека има „студени замки“ во кратерите на месечината. Но, овие супер студени региони ја замрзнуваат водата до тој степен што можеби ја смрзнуваат водената пареа наместо водениот мраз кој може да се користи. Предходни истражувања имаат индиректно забележано можни знаци на површински мраз, но спротивно на ова други истражувања имаат покажано дека овие знаци може да се објаснат и преку нешта како рефлективноста на месечевата површина или други феномени.
„Поголемиот дел од овој воден мраз на Месечината лежи во сенките на кратерите близу половите каде најтоплите температури никогаш не се над -250F (-156,6C) – вели Томас Зурбучен од директоратот за научни мисии на НАСА.
Градење на месечева колонија врз вода?
Водата може да е клучен чекор во одржувањето на човечки живот на месечината. Нејзината примена ќе биде поширока од нејзиното конзумирање од страна на астронаутите. Делењето на водата на водород и кислород може да ги снабди со гориво ракетите од лунарната повшина ослободувајки ги астронаутите од потребата да се вратат до земјата за повеќе гориво пред наредни вселенски истражувања.
„Екстракцијата на мразот од месечината ќе биде голем чекор во изградбата на вселенска економија“ вели Абуд-Мадрид.
Ова откритие може да е знак дека соновите на Џеф Безоз и Елон Маск за воспоставување на колонии на другите планети може да станат реалност.
Од НАСА велат дека ќе продолжат со истражување на областите со цел да се открие како овој мраз се нашол таму.
Превод: Максим Осман-Николов
Извор: InterestingEngineering