Ракетата „Сокол 9“ (Falcon 9) на SpaceX и товарниот брод „Змеј“ (Dragon), снабдени со важни испораки за Меѓународната вселенска станица – МВС (International Space Station – ISS), беа уништени во експлозијата која се случи 148 секунди по успешното лансирање на 28 јуни 2015 година во 10:21 часот (по источно време) од Комплексот за лансирање 40 во Кејп Канаверал. Сите што го гледаа во живо лансирањето од вселенскиот центар Кенеди го забележаа неуспехот кога ракетата исчезна и се претвори во голем бел облак.
„Во овој момент, за тимот задолжен за лансирање не е сфатливо што точно се случува“, пренесуваше коментаторот Џорџ Дилер за време на преносот во живо на НАСА ТВ.
Ова беше трета неуспешна мисија за пренос на товар до МВС, вклучувајќи американски и руски ракети.
„Сокол 9“ престана да се искачува и почна да се распаѓа, притоа формирајќи и линија од пареа на претходно одредениот пат за движење на ракетата. За неколку моменти беше можно да се набљудуваат разни остатоци како паѓаат кон површината.
„Сокол 9“ се соочи со проблеми пред завршувањето на првата фаза. „Ќе објавиме повеќе информации штом ќе ги разгледаме податоците“, објави на Твитер Елон Маск (Elon Mask), извршен директор на SpaceX, веднаш по експлозијата.
Превод: Јован Поповски
Извор: Universe Today