Вселенски летала ги откриваат последиците врз атмосферата на Марс од блиската средба со комета

0
Вселенски летала ги откриваат последиците врз атмосферата на Марс од блиската средба со комета

Местата каде црвената линија на графиконот е повисока од сината ја покажуваат детекцијата на метали додадена во атмосферата на Марс од честичките прашина ослободени од кометата. Податоците се направени со помош на Imaging Ultraviolet Spectrograph на леталото MAVEN, кое ги сними интензитетите на емисиите според составот во атмосферата на Марс пред (сината линија) и по (црвената линија) блиската средба со кометата на 19 октомври. Со сината линија се прикажуваат вообичаените гасови во атмосферата како јаглерод диоксид и споредни производи, а по средбата се забележуваат врвови до 280 нанометри бранова должина, со што се посочува на присуството на јонизиран магнезиум и други бранови должини кои се последица на присуството на железо. Ова е резултат на пареата од честици кои од кометата влегле во атмосферата на Марс со огромна брзина.

Едно европско и две летала од НАСА, вклучувајќи ја MAVEN, дознаа нови информации во врска со промените на атмосферата кои ги предизвика кометата која помина крај Марс на 19 октомври.

Податоците откриваат дека остатоците од кометата C/2013 A1 Siding Spring предзвикале интензивен метеорски дожд, со што се додале нови слоеви на јони во јоносферата. Овој слој од атмосферата се наоѓа на неколку стотици милји над површината на Марс. Ова е првпат да се сведочи на ваков настан на една планета, вклучувајќи ја и Земјата. Кометата потекнува од еден од најдалечните региони на нашиот Сончев систем и се приближи до Црвената планета на околу 139.500 километри. Тоа е помалку од половина од растојанието помеѓу Земјата и Месечината и помалку од една десетина од растојанието помеѓу било која позната комета и Земјата.

Понатаму ќе треба да се види и дали кометата има долгорочни последици врз атмосферата.

Илустрација на леталото Maven. Извор: НАСА.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Phys.org

Сподели.