Врелите ѕвезди ги уништуваат условите за живот на околните планети

0
Врелите ѕвезди ги уништуваат условите за живот на околните планети

Илустрација на ѕвезда од типот М, со мала маса која орбитира околу карпеста планета. Извор: НАСА

Планетите кои орбитираат близу ѕвездите со мала маса, најчестиот тип ѕвезди во Вселената, се главните кандидати во потрагата по вонземски живот.

Но, новите истражувања на научниците од Универзитетот во Вашингтон велат дека дел од овие планети веројатно ја изгубиле способноста за поддршка на животот поради интензивните жештини уште во периодот на нивното создавање.

Ѕвездите од типот М се помали и побледи од Сонцето, па затоа зоните поволни за живот кај нив се во рамките на поблиските орбити. Со новите истражувања, преку компјутерски симулации се открило дека дел од овие планети веројатно ги имаат изгубено водата и атмосферата поради огромните температури од блиските ѕвезди. Сите ѕвезди се формираат при колапс на џиновски облак од меѓуѕвезден гас, при што се исфрла огромно количество светлина. Но, ѕвездите од типот М имаат помали маси, што значи и помали гравитациски влијанија и затоа овој процес трае многу подолго, односно неколку стотици милиони години. Планетите околу овие ѕвезди се формираат во рок од 10 милиони години, што значи додека нивните ѕвезди се сè уште многу сјајни и врели. Така, океаните и атмосферите на планетите исчезнуваат во вид на пареа.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Phys.org

Сподели.