Враќањето на Месечината е 10 пати поевтино одошто се мислеше, а може да нè доведе и до Марс

0

Патувањето до Месечината штотуку стана поевтино. Новото истражување на NASA пронајде дека цената на лунарните мисии може да се намали 10 пати со користење на неколку техники.  Тие би можеле да нè доведат и до првата посета на Марс од страна на човекот.

Скапото истражување NexGen од Националното вселенско здружение објави дека приватните компании може да ги вратат луѓето на Месечината за 10 милијарди долари, наместо претходно проценетите 100 милијарди. Користењето на извори на гориво на Месечината може да овозможат драстично да се намали цената и на патувањата подалеку во Сончевиот Систем.

„Намалувањето на цената за 10 пати менува сè“ – вели претседателот на извршниот комитет на NSS, Марк Хопкинс, во соопштението.

Целта на студијата била да се види дали државно-приватните партнерства и други пристапи би ја намалиле цената и би го намалиле ризикот на методите за враќање на луѓето на Месечината, при што се поддржуваат идните мисии на Марс.

Истражувањето ги истакнува успешните инвестиции на НАСА во приватни вселенски летови преку своите програми COTS  и CRS. До 2017 се очекува лансирање на две летала со екипаж во склоп на Commercial Crew програмата – SpaceX и Boeing’s CST-100.

Се произведуваат и heavy-lift ракети, кои можат да се користат за лансирање на астронаути без притоа да се користи скапиот простор за лансирање на НАСА. Вселенски летала и лендери на Месечината кои можат да се користат повеќе пати исто така можат да ја зголемат заштедата.

Според истражувањето, во период од 5 до 7 години НАСА би можела да го финансира престојот на астрономите на Месечината со средства во висина од 10 милијарди долари, односно помалку од 2 милијарди годишно. Во период од 10 до 12 години индустриска база на Месечината за четворица би била возможна замисла, бидејќи би чинела 40 милијарди долари т.е. помалку од четири милијарди годишно.

И двата предлози би можеле да бидат покриени од буџетот на НАСА за летови со екипаж во Вселената, кој изнесува 4 милијарди долари годишно.

Враќањето на Месечината е 10 пати поевтино отколку што се мислеше, а може да нè доведе и до Марс

Уметничка претстава на идни мисии на Месечината на SpaceX. Заслуги: SpaceX

Од непроценлива важност е податокот кој укажува дека базата населена со луѓе на Месечината би можела да произведува 200 милиони тони гориво за леталото на годишно ниво, притоа искористувајќи ги водата и водородот од површината на Месечината. Ова гориво НАСА би можела да го искористи за идни мисии на Марс, со што драстично би се намалила нивната цена. Сепак, прво е потребно да се испратат роботи на површината на Месечината за да потврдат дека водата и водородот се достапни, бидејќи се наоѓаат близу до површината во месечевите кратери на половите.

Студијата препорачува и создавање на меѓународна организација, по модел на ЦЕРН, која ќе се справи со техничките и бизнис ризиците од мисиите на Марс. Трајната база на Месечината би можела да произведе доволно гориво за следна мисија на Марс и би овозможила економски развиток на Месечината, потенцијал кој ја прави цената за нејзината изградба незначително ниска.

Моментално НАСА не планира да се врати на Месечината, туку планира Asteroid Redirect Mission, со испраќање луѓе на астероид, како поевтин начин да се стигне до Марс. Сепак оваа студија предлага враќање на Месечината како подобар и поекономичен начин.

Превод: Дарија Велкова

Извор: IFL Science

Сподели.