Потрагата по вонземска интелегенција (Search for Extraterrestrial Intelligence – SETI), можеби станува се повеќе мејнстрим, по потврдувањето од страна на Комитетот при Домот за наука и технологија, во кое беа вклучени сведоштвата на двајцата познати ловци на СЕТИ, Сет Шоштак и Дан Вертимер.
Но сослушувањето доби неочекуван пресврт откако републиканецот од Њујорк, Крис Колинс, ја имаше сцената.
„Мислам дека ќе ви го поставам прашањето кое сметам сите во оваа просторија би сакале да го прашаат” изјави Колинс. „Сте ја гледале серијата „Антички вонземјани” и кој е вашиот коментар за таа серија?” (Телевизиско шоу, емитувано на History channel кое се базиран на теории на заговор и „истражува“ наводни посети на нашата планета од страна на вонземјани во текот на милиони години)
Шоштак, научник во СЕТИ Институтот со седиште во Калифорнија започна дипломатски.
„Јавноста е фасциниран со идеата дека ние може сме посетени сега или можеби сме биле посетени во минатото од т.н. НЛО феномен” рече тој.
Потоа се фати за работа: „Јас лично не го делам уверувањето дека ние сме биле посетени. Јас не мислам дека тоа ќе биде нешто што сите влади во светот успеале да го заташкаат, да го чуваат во тајност. Едноставно не верувам во тоа. Идеата дека можеби бевме посетени за време на древните Египќани и така натаму, имајте на ум дека во 4,5 милијарди годишната историја на земјата, времето на древните Египќани, беше само вчера. Значи, повторно, зошто тие беа таму токму тогаш? Што беше тоа што ги донесе до Земјата? Јас немам идеа и немам многу добар доказ” рече Шоштак.
„Мислам дека пирамидите, на пример, најверојатно биле изградени од страна на Египќаните. Знам дека тоа е радикална идеа за некои луѓе, но тие биле многу паметни и сигурно би можеле да го направат тоа” додава тој.
Вертимер, директорот на СЕТИ при Универзитетот на Калифорнија во Беркли, беше уште поедноставен.
„НЛО немаат ништо заедничко со вонземјаните” изјави тој. „Мислам дека некои од овие видувања се вистински феномен. Добиваме многу телефонски повици кога вселенската станица прави прелет над земјата, па некои луѓе велат дека има прозорци и слични работи”.
„Нешто од тоа е фантазијата на луѓето и знаеме дека таа е тесно поврзана со популарната култура. Кога Жил Верн пишувал за летечки чинии, сите почнале да гледаат летечки чинии. Пред тоа луѓето гледале ангели. Кога почнаа да гледаат филмови почнаа да пријавуваат видувања кои се поврзани со она што го има во филмовите. Некои од нив се всушност намерни измами за правење пари” рече Вертимер.
Малку подоцна, републиканецот од Флорида, Бил Посеј праша за проектот Сина книга, серија на „студии“ за НЛО направени од страна на американските воздухопловни сили помеѓу 1952 и 1969 година.
„Јас лично сум доста скептичен” повтори Шоштак, додавајќи дека од 1960-тите анкетите покажуваат дека околу една третина од Американците и луѓето во други земји се уверени дека Земјата е посетена од страна на вонземјани.
„Не мислам дека тој доказ е многу добар. Мислам дека ако бевме посетени, тоа не би било контроверзно. Поминаа 60-тина години од Розвел, на пример” рече Шоштак осврнувајќи се на наводната НЛО несреќа во Ново Мексико во 1947 година.
„Ако ги прашавте жителите на Масачусетс 60 години по Колумбо „Дали мислите дека сте посетени од страна на Шпанците?” тоа не би било контроверзно. Мислам дека ако тие навистина биле тука , сите ќе знаеа за тоа” рече тој.
Извор: Space.com
Превод: Боро Костевски