Во еден голем регион од вселената астрономите пронашле многу помалку галаксии отколку што се очекувало

0

Компјутерски приказ на дистрибуцијата на материја во универзумот. Портокаловите делови ги претставуваат галаксиите, сините структури се гас и темна материја. Студија направена на Универзитетот на Калифорнија покажува дека непроѕирните региони на универзумот се како огромните празни простори при распределбата на галаксиите на оваа слика, затоа што многу малку светлина од галаксиите е способна да достигне до таквите региони и да ги направи транспарентни. Заслуги: TNG Collaboration

Астрономите од Универзитетот на Калифорнија, вклучувајќи три од УКЛА, решаваат мистерија поврзана со раниот универзум и неговите први галаксии.

Астрономите знаеле дека пред повеќе од 12 милијарди години, поточно 1 милијарда години после Големиот Прскот, гасот во длабоката вселена бил многу повеќе непроѕирен во некои региони отколку што е сега, иако таа нетранспарентност широко варирала од место до место. Но тие не биле сигурни што точно ги предизвикувало овие варијации.

За да дознаат зошто постојат овие разлики, астрономите го користеле еден од најголемите телескопи, Субару телескопот на Мауна Кеа на Хаваи за да бараат галаксии од млади ѕвезди во исклучително големи региони од вселената, 500 милиони светлосни години широки, каде што самите тие знаеле дека интергалактичкиот гас е екстремно непроѕирен.

Ако регионот имаше невообичаено мал број на галаксии, научниците би биле во можност да заклучат дека светлината од ѕвездите не може да продре толку далеку низ интергалактичкиот гас како што се очекува; ако пак регионот имаше невообичаено голем број на галаксии, заклучокот би бил дека регионот се има значајно оладено во текот на изминатите неколку стотици милиони години. ( постоењето на мал број галаксии во еден регион би значело дека не само што би имало помалку светлина која би потекнувала од истите тие галаксии, но и дека е создадено многу повеќе нетранспарентен гас, па светлината не би можела да патува толку далеку колку што астрономите очекувале ).

“Ова беше редок случај во астрономијата кога два спротивставени модели кои ни привлекоа внимание секој на свој начин, прецизно понудија спротивни претпоставки и ние бевме среќни што тие претпоставки можат да се тестираат”, вели Стивен Фурлането од УКЛА, професор по астрономија и ко-автор на истражувањето.

Истражувачите откриле дека регионот содржи многу помалку галаксии отколку што се очекувало – очигледен доказ дека светлината од ѕвездите не може да продре. Многу малата бројка на галаксии може да биде причината зошто овој регион е толку непроѕирен.

“Нетранспарентноста не е предизвикана од недостатокот на галаксии”, вели Фурлането. “Всушност, нешто друго е во прашање.”

Тие заклучиле дека заради тоа што гасот во длабоката вселена е проѕирен од ултравиолетовата светлина од галаксиите, мал број на галаксии би го направиле тој гас многу потемен.
Истражувањето е објавено во Astrophysical Journal.

Во првите неколку милијарди години после Големиот Прскот, ултравиолетовата светлина од првично формираните галаксии го исполнила универзумот со гас во длабоката вселена. Ова би се случило порано во региони со повеќе галаксии, велат астрономите. Тие планираат во иднина да проучуваат дали празниот простор ќе помогне во откривањето на тоа како првите генерации на галаксии го осветлиле универзумот за време на тој ран период. Фурлането вели астрономите се надеваат дека проучувањето на заемната поврзаност на галаксиите и гасот во длабоката вселена ќе откријат многу повеќе за тоа како интергалактичкиот екосистем се формирал за време на тој период од раниот универзум.

Превод: Христина Милошевска

Извор: Phys.org

Сподели.