Вдлабнатина со форма на клетка кај еден од метеоритите паднати од Марс

0
Црвената планета. Извор: НАСА.

Црвената планета. Извор: НАСА.

Делче од метеорит со потекло од Марс, старо околу 1.3 милијарди години, содржи структура со облик на клетка, каде можеби во минатото се наоѓала вода или колонии од микроби. Ова е уште еден доказ дека под површината на Марс постоеле поволни услови за појава и развој на животот.

Во далечната 1911 година паднаа околу 40 карпи во областа на Александрија, Египет. Со цел да се истражи оваа група камења наречена Накла научниците направиле снимки со висока резолуција преку кои се гледаат атомските слоеви на внатрешната материја. Преку овие истражувања наидоа на несекојдневна појава длабоко во еден од камењата, која потсетува на фосилизирана биолошка клетка од Земјата. Се претпоставува дека станува збор за просторче каде порано се наоѓала вода. Вдлабнатиот простор е широк околу 60 микрони и долг 80 микрони, димензии многу поголеми од повеќето бактерии на Земјата.

Извор: JPL/NASA

Големите астероиди кои удирале во Марс во минатото најверојатно направиле долготрајни хидротермални полиња кои го поткрепиле животот на Црвената планета. Тимот научници ќе продолжи со истражувањето на овие примероци од карпите на Марс.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFLS

Сподели.