Убавите прстени на Сатурн се создадени многу подоцна одошто мислевме

0

Сатурновите прстени се една од најубавите структури во нашиот Сончев Систем. Покрај нивната популарност меѓу народот, тие се од голем интерес за астрономите уште од нивното откривање во 1656. Векови подоцна, научниците сè уште не се сигурни за тоа како настанале.

Нова студија, која ќе биде објавена во списанието Astrophysical Journal, открива дека овие ледени прстени се многу помлади од она што претходно се претпоставуваше. Наместо во зората на Сончевиот Систем, тие можеби се појавиле во самракот на добата на диносаурусите.

Истражувачкиот тим, предводен од Матија Кук од SETI во Калифорнија, ги искористил орбитите на сателитите на гасовитиот џин за да одреди каде би биле пред милиони години.

Сатурн има над 62 природни сателити и некои од нив се големи колку мали планети. Поради јаките плимски сили во системот орбитите на некои сателити не би требало да изгледаат како што изгледаат денес, освен доколку не се стари милиони години, туку се многу помлади.

Ова укажува дека можеби сателитите се формирале неодамна. Компјутерските симулации велат дека сателитите се стари околу 100 милиони години, што значи дека биле создадени кога неколку тираносауруси оделе по Земјата.

Бидејќи за прстените се смета дека се создадени од судири помеѓу сателитите на Сатурн, ова значи дека тие можеби воопшто не биле тука пред 100 милиони години.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: IFL Science

Сподели.