Вселенскиот телескоп Хабл (Hubble Space Telescope), Опсерваторијата на X-зраци Чандра (Chandra X-Ray Observatory) и Вселенскиот телескоп Спицер (Spitzer Space Telescope): три моќни телескопи обединети во една цел – пронаоѓање на најраните галаксии.
Тие ќе се служат со ефектот на гравитациска леќа (овозможува детектирање на многу далечни објекти преку нивното зрачење, коешто поминало покрај објект кој е доволно голем за со својата гравитација да предизвика искривување на зрачењето). Мисијата е наречена Frontier Fields, која се надеваме ќе ни открие дел од тајните за настанокот на галаксиите, а со тоа и на Вселената.
Галаксиите ќе се испитуваат преку инфрацрвеното подрачје (Spitzer), пократката инфрацрвена и видлива светлина (Hubble), како и X-зраци (Chandra).
Hubble и Spitzer се задолжени за одредување на локацијата на овие галаксии, додека улогата на Chandra е во откривање на нивната маса.
Една од првите истражувани галаксии е Abell 2744, која е една од најмладите познати галаксии, настаната 650 милиони години по Големиот прскот.
Извор: Universe Today
Превод: Милан Велков