Три планети слични на Земјата кои орбитираат околу блиска ѕвезда

0
Три планети слични на Земјата кои орбитираат околу блиска ѕвезда

Најпознатиот ловец на егзопланети, вселенското летало Кеплер за време на мисијата К2. Извор: NASA Ames/JPL-Caltech/T Pyle

И покрај тоа што Кеплер е во проблематична состојба, тој успеа да пронајде ѕвезда со три планети, малку поголеми од Земјата. Најодалечената од нив орбитира во зоната поволна за живот, каде теоретски температурите овозможуваат присуство на вода во течна состојба.

Ѕвездата EPIC 201367065 е од типот црвено М-џуџе, со големина и маса двојно помали од нашето Сонце. Се наоѓа на оддалеченост од 150 светлински години и е во листата на 10-те најблиски ѕвезди околу кои орбитираат планети.

Трите планети се 2.1, 1.7 и 1.5 пати поголеми од Земјата. Најмалата и најодалечената од нив орбитира во зоната каде ѕвездените зраци од се со сличен интензитет како на Земјата. Според досегашните откритија, може да се претпостави дека станува збор за карпеста планета.

Развојот на животот на Земјата бил овозможен поради тенката атмосферска обвивка од азот и кислород. Голем дел од планетите отркиени од Кеплер се со дебела, водородна атмосфера со неповолни услови за развој на животот каков што имаме овде, на Земјата. Поради близината на оваа ѕвезда, астрономите ќе можат да ја проучат и нејзината атмосфера за да утврдат дали навистина постојат можности за живот на нејзината површина.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Phys.org

Сподели.