Треперлива црна дупка во центарот на галаксијата IC 310 разгорува идеи

0

Голем тим од астрономи и астрофизичари од многу земји дадоа огромен придонес за истражувањето објавено во списанието Science, објаснувајќи ги набљудувањата направени на црна дупка во центарот на галаксијата IC 310 – црна дупка што беше набљудувана со треперлив млаз кој што не беше потврден од веќе постоечките теории. Тимот нуди можни објаснувања за уникатниот тип на треперење за којшто ќе треба да бидат направени понатамошни истражувања пред да бидат донесени вистински заклучоци.

Црната дупка во центарот на IC 310, која се наоѓа во соѕвездието Персеј, оддалечено приближно 260 милиони светлински години, најпрво беше набљудувана во 2012 година од тим којшто користел пар телескопи заедно познати како MAGIC проект лоцирани на шпанскиот остров Ла Палма. Она што ги заинтригира научниците беше тоа што млазот од емитираните гама зраци изгледаше како да трепери (покажува варијации на светлината) со голема брзина во период од неколку минути. Ваквите треперливи млазови емитирани од црни дупки не се нови, но сите други биле набљудувани во подолг период. Кога тие ќе се појават, истражувачите поставуваат теории дека се резултат на она што тие го нарекуваат шок забрзување – честички наеднаш забрзани од бранови. Но, временската мера на црната дупка во IC 310 е со многу голема брзина за да се објасни со ваква теорија, што значи дека научниците мораат да смислат нешто ново.

Затоа, истражувачите предлагаат дека треперењето е предизвикано исто како кај пулсарите, од спинот. Пулсарите се ѕвезди коишто умреле и пропаднале до намалено јадро; тие емитираат два зраци светлина. Како што пулсарот се врти, светлината која што се гледа од Земјата изгледа како да трепери. Во овој случај, тимот предлага дека треперењето на црната дупка е поврзано со забрзана честичка слична на таква од пулсар, предизвикана од електрично поле кое што постои во магнетносферната празнина за која што се мисли дека постои во основата на млазот.

Тимот признава дека нивната теорија е слаба како резултат на недоволните докази и тие се надеваат дека други примери од слични треперења на млазови ќе се пронајдат кои што ќе донесат повеќе докази за да се објасни оваа активност.

Превод: Мартина Вељановска

Извор: Phys

Сподели.