Траги од формирање на црни дупки пронајдени кај масивни ѕвездени експлозии

0
 Заслуги: НАСА

Заслуги: НАСА

Голема интернационална соработка која вклучува 27 институции во 12 држави, пронашла траги од начин на формирање на црни дупки, како резултат од масивната експлозија на ѕвездата GRB121024A од соѕвездието Еридан. Овие траги го овозможија создавањето на компјутерски симулации кои ги симулираат настаноците на црните дупки.

Иако крајот на оваа ѕвезда беше откриен во 2012 година, ѕвездата GRB121024A, всушност експлодирала околу 11 милиони години порано. Оваа експлозија прво била забележана од страна на телескопот Свифт на НАСА. Откако биле информирани обсерваториите низ светот за оваа експлозија, само Големиот телескоп на ESO, успеал да собере значајни мерења од овој настан.

Оваа ѕвезда навистина била масивна; околу стотици пати поголема од нашето Сонце. Додатно на тоа, ротацијата на оваа ѕвезда околу својата оска била многу рапидна, резултирајќи со зголемено магнетно поле. За споредба, нашето Сонце ротира доста споро, со оглед на тоа што потребен е период од околу еден месец за да ја комплетира ротацијата. Заради нејзината големина и брзина на ротација, ѕвездата GRB121024A, не експлодирала на начинот како пто експлодираат помалку масивните ѕвезди, кои вршат надворешна експанзија.

Наспроти ова, научниците веруваат дека масата и магнетното поле на ѕвездата предизвикувале имплозија на самата ѕвезда. Покрај овој ефект на експлозија кон навнатре, оската на ротација на самата ѕвезда, сеуште има функционалност. Пред самиот колапс на ѕвездата, магнетното поле ротира кај двата краеви на ѕвездата околу самата оска. Кога ќе стигне до крајниот стадиум и ѕвездата колабира кон црна дупка, како резултат, магнетното поле е исфрлено нанадвор кон Универзумот во насоката од краевите на ротационата оска. Ваквиот тип на експлозии се наречени Долги гама зрачења (Long Gamma Ray Bursts – LGRB) и истите, во само една секунда, произведуваат повеќе енергија која би била комбинирано произведена од стотици ѕвезди налик нашето Сонце за време од 10 милијарди години.

Податоците добиени од колапсот на оваа ѕвезда открива многу важни траги поврзани со кружната поларизација на светлината. Ова мислење се базира на тоа дека светлината не се пробива низ Универзумот во права линија, туку дека светлината има спирално движење. Иако оваа идеја во која светлината се однесува на овој начин била напомената и теоризирана порано, овој најстан го претсавува првото добивање на податоци кои покажуваат дека светлината емитирана од црна дупка, има спирална насока на движење, со што за прв пат е подржан овој модел. Оваа експлозија е исто така најдалечниот и најсилниот примерок на светлина која е забележан да покаже кружна поларизација.

Извор: IFLS

Превод: Бојан Андоновски

Сподели.