Топол океан откриен на Сатурновата месечина

0

Потрагата по вселенски тела со услови погодни за живот станува уште поинтересна, благодарение на откритието на топлиот океан на шестата по големина месечина на Сатурн – Енцелад.

Астрофизичарите вклучени во работата со Касини, вселенското летало на НАСА, објавија дека на јужниот пол на Енцелад се наоѓа топол океан, единствен таков откриен надвор од Земјата. Откритието на овој океан е во чекор со минатогодишното откритие на 15 километри длабокиот океан на оваа месечина, за кој се верува дека содржи хемиски соединенија кои се поврзуваат со животот.

До податоците за океанот, како температурата, салинитетот и PH вредноста, научниците дошле проучувајќи ја прашината во надворешниот прстен на Сатурн, кои се состојат од силициум диоксид , кој е всушност остаток од солената вода од гејзерот кој испарил.

Овие честици потекнуваат од океанот на Енцелад и ги откриваат следните карактеристики на океанот – салинитет на океанот е помал од 4%, PH вредноста е помеѓу 8.5 и 10.5, а температурата кај изворот каде честиците и настанале изнесува најмалку 93°C.

Иако навистина постојат услови за можен живот на Енцелад, научниците сè уште не се сигурни дали постојат облици на живот на него. За таа цел е потребно да се разјасни колку долго постои хидротермална активност на дното на океанот. За разлика од Земјата каде има врели јадра, топлината на Енцелад е резултат на гравитациското триење кое настанува од повлекувањето на Сатурн и неговите останати месечини.

Научниците очекуваат дека наскоро ќе може да се дознае дали постои живот во океанот на Енцелад.

Превод: Петар Ивановски

Извор: Znanost

 

Сподели.