Тоа е амбициозна цел: да слетаат три Коцкасти сателити на Марс во следните неколку години за 25 милиони долари. И сето ова од тим предводен од студенти.
Групата предводена од Универзитетот Дјук одговорно собира спонзори и потенцијални заеднички придонеси од универзитети и компании да се обидат да ја постигнат таа цел. Засега имаат собрано половина милион долари.
„Мислевме дека нешто недостасува“ кажа Емили Бриер, водичот на студентскиот тим кој го посетува Универзитетот Дјук, објаснувајќи како изгледало дека всушност многу малку мисии на Марс се правеле за придобивките на човештвото воопшто.
„Сакаме да го возбудиме целиот свет за вселенско истражување и за причината за која одиме во Вселената воопшто – да се притиска напредокот на човечноста и да се градат нови живеалишта,“ додава таа. Еден од нивните главни цели е да се зголеми ангажирањето на публиката од ниво на градинка до 12то одделение охрабрувајќи ги да праќаат слики и видеа за да бидат пратени на Марс.
Односно, секој може да учествува! Може да прочитате повеќе детали за кампањата за собирање пари од публиката и како да се вклучите на нивната страница. Минималниот придонес е само еден долар, со тоа можете да пратите слика на Марс. Вселенското летало ќе биде наполнето со аудио, видео и текстуални пораки од Земјата.
„Секој сателит содржи терабајт од информации кој ќе бидат како дигитална „временска капсула“ носејќи пораки, слики, аудио клипови и видеа собрани од десетици милиони луѓе од целиот свет,“ вели тимот за Временска Капсула на Марс. „Капсулата ќе остане како преносител на зачувани моменти на денешната човечка раса на Земјата во 2014, која ќе се открие од ново од идни колонизатори на Црвената планета.“
Тимот се надева да користи јонски електричен погон за да го однесат малото вселенско летало до Црвената Планета. Тоа би тргнало до Вселена самото како секундарен товар на ракета.
Некој од корпоративните спонзори вклучуваат Боинг, Локхид Мартин и Аероџет, додека студентите доаѓаат од универзитети како Стенфорд, Дјук и МИТ.
Извор: Universe Today
Превод: Јован Милосковски