Темната страна на космологијата

0
Темната страна на космологијата

Компонентите на нашиот Универзум. Заслуги: Science/AAAS

Стандардниот модел на космологијата претставува фантастична теорија, според која Универзумот може да се опише со употреба на само шест параметри. Но, од друга страна таа е исто така чудна – таа предвидува дека темната материја и темната енергија, двата мистериозни ентитети кои никогаш не биле детектирани, сочинуваат 95% од Универзумот. Со тоа остануваат само 5% за обичната материја, онаа од која е составен секој важен дел од нашиот свет.

Во списанието Science, познатиот астрофизичар, Дејвид Спергел (David Spergel) од Принстон, се осврнува на тоа како космолозите станале сигурни дека сме опкружени со материја и енергија кои не можеме да ги видиме. Набљудувањата и сознанијата за галаксиите, суперновите и температурата на Универзумот, меѓу другото, ни покажуваат дека тој е претежно рамен и хомоген, но и дека се шири благодарение на феноменот наречен темна енергија. Степенот на експанзија се зголемува со текот на времето, спротивставувајќи се на привлечноста на гравитацијата. Ова последното укажува дека, доколку фрлите топка нагоре, таа ќе почне забрзано да бега од вас.

Правени се експерименти за докажување на темната материја и темната енергија, некои истражувачи дури и тврдат дека пронашле докази, но тие се контроверзни. Од LHC во ЦЕРН се очекува да се дознае повеќе, а и да се тестира една од популарните терории позната како суперсиметрија. Да се објасни темната енергија и причината зошто Универзумот се шири е уште потешко. Во наредната декада со помош на моќни телескопи ќе биде направена мапа на Космосот и ќе се направи обид да се дознае дистрибуцијата на материјата низ него во минатите 10 милјарди години.

Сепак, сосема веројатно е дека само набљудувања нема да бидат доволни. Ќе бидат потребни и нови идеи, нови теории кои ќе помогнат во објаснувањето на овие мистерии.

Превод: Милан Велков

Извор: Phys

Сподели.