Да се набљудува комета во рамките на внатрешниот дел од Сончев систем е многу тешко, а во надворешноста е уште поневовозможно. По оваа логика помислата да се види некоја комета уште подалеку, надвор од рамките на нашиот систем делува сосема неверојатно. Но, сега научниците сметаат дека е можно да сме сведоци на токму ваков настан, далеку од Земјата.
При ударот на кометата Шумејкер – Леви 9 во Јупитер во 1994 година беше предизвикан видлив блесок од светлина. По ударот, голем дел од сончевата светлина кој вообичаено би бил апсорбиран од количеството метан во атмосферата на Јупитер, бил рефлектиран од материјата од кометата која останала по ударот. Како резултат, се зголемува вообичаено ниската рефлексија на светлина од планетата и останува посветла барем еден месец по ударот.
Користејќи ја истата техника, тимот вели дека е можно да се види како џиновска далечна планета наеднаш станува посветла при удар од комета. Постоечките телескопи не се доволни за набљудување на ваков настан, но затоа идните телескопи како Џејмс Веб кој ќе се лансира во 2018 година би можеле да ја завршат оваа работа. Добро е што технолошки гледано сме на само чекор од достигнување на овие опсервациски можности.
Методот ќе налага гледање во далечна планета од типот на гасовит џин како Јупитер, ако не и поголем преку бранова должина блиску до онаа на инфрацрвената светлина. Се смета дека ударот ќе биде видлив по околу еден месец. Младите соларни системи кои се полни со остатоци се одлични кандидати за овие истражувања и потрага по овој тип на удари. Покрај тоа што се мошне интересни, овие опсервации имаат и научна вредност особено за нашиот систем со оглед на тоа што се смета дека е можно комета или астероид да биле одговорни за доставата на вода, па и животот овде на Земјата. Набљудувањата на вакви настани во млади планетарни системи ќе ја зголеми веројатноста за вистнитоста на овие теории.
Превод: Михаела Стојанова
Извор: IFLS