Стивен Хокинг предизвика загриженост во јавноста откако го откри своето размислување поврзано со смртоносен космички меур, создаден од промените во полето поврзано со популарната „божја честичка“ и можноста за уништување на Универзумот како последица. Додатно на тоа, Стивен ова го има напишано како вовед во својата нова книга, напоменувајќи дека вакво нешто би можело да се случи во било кој момент и тоа без никакво предупредување.
Хокинг, како и повеќето експерти од ова поле, верува дека еден ден ќе има огромна промена во енергетската состојба на Универзумот која ќе предизвика Универзумот да подлежи на катастрофално вакуумско распаѓање, каде вакуумски експандирачки меур со брзина на светлината ќе се шири низ просторот уништувајќи сè на својот пат. Сепак, не треба премногу да бидеме загрижени, вакво нешто најверојатно нема да се случи во наредни милијарда години.
Хигсовиот бозон е фундаментална честичка која најпрвин била предвидена во 1964 г. од група физичари, во која бил и самиот Питер Хигс. Хигсовиот бозон го придружува невидливо енергетско поле наречено Хигсово поле, од кое пак потекнува масата. Откритието е важно бидејќи пополнува дупка во Стандардниот Модел за физиката на честички, кој објаснува три од четирите фундаментални сили во Универзумот; електромагнетната, јаките сили и слабите сили. Гравитацијата, четвртата сила, сè уште не е дел од стандардниот модел.
Користејќи ги податоците од CERN LHC, физичарите имаа можност да ја измерат масата на Хигсовиот бозон и добија вредност од точно 125 гигаелектрон (GeV) волти. Точно оваа маса е потребна за да се одржува Универзумот на граница од нестабилност. Но доколку оваа состојба колабира, тогаш Универзумот ќе стане нестабилен, состојба која би предизвикала катастрофален настан.
Што тогаш би ја причинило ваквата Хигсова катастрофа? Физичарите веруваат дека енергијата на Хигсовото поле полека се менува со текот на времето. Во моментов, таа постои стабилно во состојба на минимална потенцијална енергија и потребно би било огромна количина на енергија како би се предизвикало промена во друга состојба на енергијата. Сепак, промена во енергијата би можела да предизвика нешто наречно како квантно тунелирање, што би овозможило краток и брз пат до ниска енергетска состојба. Оваа промена понекогаш е наречена како „вакумско распаѓање.“ Доколку се случи, меурот од оваа нова вакумска состојба би се проширил низ просторот со брзина на светлината и при тоа уништувајќи се на својот пат.
Доволно интересно, според теоретскиот физичар Џозеф Лукен, во моментов удобно се наоѓаме на работ помеѓу стабилен и нестабилен Универзум. „Доаѓа како да сме на самиот раб во кој Универзумот може да биде и трае долго време, но евентуално, Универзумот ќе направи ’Бум’. Навистина нема принцип, за којшто знаеме, кој би нè ставил на безбедната страна од работ“, вели Џозеф.
Изгледа дека повеќето физичари се сложуваат дека Универзумот најверојатно нема да изврши премин кон пониска енергетска состојба во блиска иднина. Според теоретската астрофизичарка Кејти Мек, доколку можело да се случи „ќе се случело за време на раниот Универзум, кој бил силно енергетски период.“ Дополнително, постои можност дека пресметките се грешни и дека Универзумот е постабилен отколку што изгледа.
„Сè што кажува Хокинг е вистина: Хигсовиот потенцијал е тоа што одредува во каква вакуумска состојба се наоѓаме и тоа може да се промени,“ вели Мек. „Но веројатноста за таков настан е навистина мала.“
Превод: Бојан Андоновски
Извор: IFLS