Спрајтови, сини млазеви и елфови

0

Атмосферски појави што не се учат на школо

Образованието, тоа во училниците, треба да ги подготви помладите подобро да го разберат светот околу нив и подобро да се вклопат во истиот. Да научат дека учењето нема крај, а тоа што не се знае дека може да се научи надвор од школската програма. На нашиот сајт веќе има текстови за некои атмосферски појави (атмосферски појавихало сликано од Маврово, самрачни зрачи итн). Една од тие работи што не се изучуваат се ретките атмосферски појави, наречени преодни светлечки настани или транзиентни луминозни настани.

Спрајт над облак од грмотевици, сликан од Меѓународната вселенска станица

Најчести преодни светлечки настани се спрајтовите. Црвените спрајтови се големи блесоци што се јавуваат непосредно над активно невреме со грмотевици во распад, точно во моментот кога се појавува молња со позитивен полнеж на облак во однос кон земја. Тоа трае не повеќе од 3 до 10 милисекунди, со блесок директно над облакот или до 100 километри над него, а има облик на светлечки гроздови или ленти или како оган зад ракетите. Некои имаат опашки или пипци надолу, затоа што појавата потсетува на медуза. Пипците можат да бидат долги до 40 km.

Инаку спрајт е акроним од англиски стратосферна/мезосферна пертурбација којашто резултира од интензивна електрификација на бура од грмотевици (во оригинал Stratospheric/mesospheric Preturbations Resulting from Intense Thunderstorm Electrification). Тоа како што се гледа од сликата Спрајт над Унгарија е црвено-портокалов по боја. За разлика од тропосферските молњи, спрајтовите се изградени од студена плазма, налик на празнењето на флуоросцентните цевки.

Спрајт над Унгарија, сликан 31 јули 2019 год., rights: weather-photos.NET

Поретки преодни светлечки настани од спрајтовите се сините млазеви  Тоа се млазеви што се протегаат над невремето со грмотевици во тесен конус на висина од 50 km. Сини се по боја и не се поврзани со самите молњи. Поситна варијација на сините млазеви се сините стартери, кои по облик се слични но достигнуваат помали висини од 20 km и се смета дека се неуспешни сини млазеви.

Слични на сините млазеви се гигантските млазеви кои достгнуваат висини од 70 km и се многу ретки. Горните делови на гигантските млазеви создаваат црвени емисии на светлина, слично на спрајтовите. На фотографија или видео до сега се фатени неколку. Другите преодни светлечки настани како хало на спрајтови и елфови се ретки и нејасни видови коишто создаваат дифузен сјај, а во случај со елфовите со пречник од 400 километри.

EXCEPTIONAL photo of a Gigantic Jet, a rare type of upper atmosphere lightning, a cousin to the much more frequent…

Публикувахте от Severe Weather Europe в Вторник, 16 август 2016 г.

Да се видат со свои очи

Овие преодни светлечни настани можа да се видат со свои ичи. Најчесто се гледаат спрајтовите. Кога е навистина небото темно, како селското небо далеку од светлинското загадување или високо на планина, можат да се забележат како кратки блесоци на далечни облаци со грмотевици. Често родителскиот облак е толку далеку да е под хоризонтот, па се појавуваат само спрајтовите.  Ова приказна важи само за такви места каде може да се види Млечниот Пат на самиот хоризонт, инаку тешко дека ќе може да се видат спрајтовите толку ниско. Структурите (морков, ленти, медуза) можат да се видат само кога спрајтовите се многу сјајни. Може да се запомни дека  спрајтовите може да се појават на 45 степени од родителскиот облак (над него) ако е на далечина 50 или 100 km, но за блиску над хоризонтот облаците на невремето треба да бидат далеку неколку стотина километри. Понекогаш можат да се видат и сините млазеви или стартери, обично кога невремето е блиску. Визуелните потврди на сините млазеви и стартери се многу ретки.

Фотографирање и снимање на преодните светлечки настани

Може да се обидете да сликате, но повторно само во екстрено темни неба. Апаратот се става на триножец, се мести ИСО на високи вредности (3200 и повеќе) и се експонира неколку секунди. Се користи „брза“ леќа  f/1.8 или f/1.4, а 50 mm леќа е сосема добра. И се прават многу, многу слики пред да се фати спрајт!


приготвил: Алек Атевиќ, извор: Sprites, blue jets, gigantic jets, elves 

Сподели.