Нашата индустриска цивилизација се соочува со истите опасности за пропаст со кои се соочувале поранешните цивилизации, како Маите, предупредуваат трудовите издадени од Ecological Economics. Ова е далеку од нова идеја, но авторите разгледуваат нови аспекти поврзани со колапсите на претходните општества и како истите може да се случат на нашето.
Главниот автор Г-дин Сафа Мотешареј не е некој неинформиран теоретичар на заговори. Мотешареј е дипломиран студент по математика на Националнот Социо-Околински Синтетички Центар, кој претставува Национална научно-поддржана институција, додека истражувањето е направено со фондации од Goddard Space Flight Center на НАСА.
“Падот на Римската Империја, како и оние на еднакво напредните империи како: Ханска, Мауријска, Гупта и Месопотамска, претставуваат сведоштво на фактот дека, напредните, софистицираните, комплексните и кретивните цивилизации знаат да бидат ранливи и непостојани”, вели именуваниот труд.
Постојат две главни општествени одлики кои се карактеристични и се препишани за падот на секоја изучена цивилизација: “Трошењето на ресурсите заради стегите зададени од еколошкиот капацитет” и “Економската класификација (стратификација) во општеството на елитна класа (богатите) и на народна маса, или просечниот човек (сиромашните)”.
Доколку овие изгледаат познато, тогаш познати се и факторите кои се сочинети во равенката поврзана со ресурсите, климатските промени и недостатокот на вода и енергија како дел од факторите, иако за одредени групи луѓе климатските промени се само резултат на лоша среќа а не последица на нашите дејствија.
Моделот претставен од Мотешареј, кој користи Човекови и Природни Динамики (Human And Nature Dynamics), ја истражува поврзаноста помеѓу популацијата и ресурсите придржувајќи се највеќе до предатор-жртва типот на моделите од екологистите. Во моделот се вклучени 4 главни фактори: Елитата, Просечниот Човек, Природата и Богатството. Равенките за како тие влијаат се креирани со варирачки влезни податоци. Резултатите на излез не се ветувачки. Времето и формата на колапс варира, но општествата кои највеќе наликуваат на нашето се осудени на пропаст и тоа преку преискористување на ресурсите заради економската стратификација.
При едно сценаријо, голем дел од просечнот народ успева да влезе во елитната популација до 750 година, но недостатокот на работници доведува до колапс до 1000-та година. Во друго сценарио пак, толку многу ресурси се искористени, што општеството и екологијата на планетата се уништени до 500-та година.
“Значајно е да се напомене за овие две сценарија дека, елитата-заради нејзиното богатство-ги трпат штетните ефекти од колапсот на средината многу подоцна од просечниот народ”, се кажува во трудот.
Доколку бројките поврзани со годините од трудот делуваат безбедно оддалечени, мора да земеме во предвид дека нултата година е одамна помината. Сепак, во спротивност со голем дел на одредени репортажи, моделот не дава корисна временска хронологија за кога точно би можеле да очекуваме нашиот свет да се претвори во нешто што потсетува на пост-апокалиптичен кошмар. Со тоа кажано, изучувањата поврзани со конвергенцијата на климата и предизвиците за ресурсите укажуваат дека можно е да се искусат драстични кризи поврзани со храната за нешто повеќе од 10 години.
Кај секој економски “меур”, за минатите падови, на луѓето им се кажува дека ”овој пат е различно”. Секако дека некои работи се имаат променето кај модерната цивилизација во споредба со Мотешарејската. Технолошките напредоци кои овозможуваат пристап до поголем број на ресурси е најчесто споменуваната разлика. На тоа Мотешареј одговара: “Технолошките промени можат да ја покачат ефикасноста на вадењето на ресурсите, но истите знаат да ја покачат консумацијата по глава на човек, како и стапката на екстракцијата на ресурси, па без ефективни полиси, растот на потрошувачка често надополнува за накачената ефикасност на искористувањето на ресурсите”.
Сепак, една предност која што ја имаме е поголемото знаење за што тргнало во погрешен правец во минатото, а со тоа и капацитетот да остваруваме модели како HANDY. Во претходна презентација поврзана со ова изучување во 2012 год. Мотешареј забележува: “Едноставните модели ни претставуваат голема интуиција и може да ни укажат кон непроценливни точки од интерес. Од огромна важност е да има резултат кој може да ни даде навремено предупредување за возможен колапс. Носечкиот капацитет ни укажува кога имаме преискористеност, а ова може да биде дефинирано преку забележувањето на падот кај богатството.”
Одреден пренос од ова објавување, пишува за неизбежна катастрофа, но ова воопшто не претставува заклучок на овој труд. “Колапсот може да биде избегнат и популацијата може да постигне еквилибриум се додека трошењето на средината по глава на жител е сведена на посакувано ниво, а ресурсите се разумно и еднакво распределени ”
Иако изучувањето минало на рецензија, трудот сеуште не е објавен. Сепак, трудот доби глобално внимание после предвременото објавување доставено до The Guardian.
Извор: www.iflscience.com
Превод: Бојан Андоновски