Спојувањето на галаксии ги прекрива црните дупки

0

Црните дупки, заради проголтувањето на сè што е во нивна близина, имаат лоша репутација. Но всушност, ѕвездите, гасот и прашината можат да кружат околу црните дупки долго време сè додека не се случи некое пореметување кое би ја турнало материјата во црната дупка.

Спојувањето на галаксии ги прекрива црните дупки

Илустрација која ги споредува растечките супермасивни црни дупки во различни типови галаксии. Во нормална галаксија, таа би имала структура од прав и гас во форма на крофна (лево); во галаксии кои се спојуваат, сферата од материјал ја прикрива црната дупка. Заслуги: NASA/CXC/M.Weiss/National Astronomical Observatory of Japan

Едно од тие пореметувања е спојувањето на две галаксии. Како што галаксиите се придвижуваат и нивните централни црни дупки се приближуваат една кон друга, околните гас и прашина се туркаат во нивните црни дупки. Огромна количина на високо-енергетски значење се ослободува како што материјата се собира брзо кон „гладната“ црна дупка, која што ќе стане т.н. активно галактичко јадро или АГЈ (active galactic nucleus – AGN).

Истражувањето, преку телескопот NuStar на НАСА, покажува дека во доцната/завршната фаза на спојувањето на галаксиите огромна количина на гас и прашина паѓа кон црната дупка, доволна да го прекрие односно замагли светлото активно галактичко јадро.

Гравитацискиот ефект од двете галаксии ги забавува ротациските брзини на гас и прашина коишто инаку би кружеле/орбитирале слободно. Заради ова губење на енергијата, материјалот паѓа кон црната дупка.

Авторот на истражувањето, Клаудио Ричи појаснува: „Колку е АГЈ подалеку од спојувањето, толку повеќе ќе биде затскриено. Галаксиите кои се далеку за време на процесот на спојување, се потполно покриени во обвивка од гас и прашина.“

Ричи и неговите колеги го набљудувале продирањето на високоенергетското рендгенско (Х) зрачење од 52 галаксии. Околу половината од нив биле во доцните фази на спојување.

Клучно во утврдувањето  на тоа колку светлина ќе избега од сферата со гас и прашина бил вселенскиот телескоп NuStar кој е високо осетлив на откривање на највисокоте енергетски Х зраци.
Доколку од галаксијата се детектираат високоенергетски Х зраци, но не и нисконерегетските Х зраци, тоа е знак дека АГЈ е замаглено, односно покриено.

Истражувањето ја потврдило долгогодишната идеја дека црната дупка на АГЈ е најмногу активна т.е. најмногу проголтува околу себе во завршните фази на галактичкото спојување.  Како што додава Ричи: „Супермасивната црна дупка расте брзо за време на тоа спојување. Резултатите од истражувањето ќе помогнат за понатаму да се разјаснат мистериозните почетоци во односот помеѓу црните дупки и нивните галаксии.”

ПреводМихаела Стојанова

Извор: NASA

Сподели.