Спектакуларна фотографија на Сатурн и нашата Земја – Карл Сејган: „Единствен дом за кој некогаш сме знаеле“

0

Спектакуларна фотографија на Сатурн и нашата Земја

Спектакуларна фотографија на вселенското летало „Касини“, каде во преден план се гледа Сатурн, а малата точка е Земјата.

Со оваа фотографија, добро е да се потсетиме на еден од најдобрите текстови некогаш напишани за нашето место во Вселената од Карл Сејган: „За некој кој гледа од оваа далечина, Земјата не изгледа воопшто интересно. Но, за нас, тоа е сосема поинаку. Точката за нас е нашиот дом. Во неа се сите оние кои ги сакаме, кои ги познаваме, овде е секое човечко суштество кое некогаш постоело, во неа го живееме и нашиот живот.

Во неа се сите радости и страдања, илјадниците религии, идеологии и економски учења, секој јунак и кукавица, секој создавач и разурнувач на цивилизациите, секој цар и селанец, секој „врховен водач“, секој светец и грешник во историјата на нашиот вид.

Земјата е многу мал театар во огромната Вселенска арена. Оваа точка на бледа светлина е предизвик за нашата осаменост, за нашето залажување дека имаме некоја привилигирана положба во Вселената. Нашата планета е осамена точка во големата Вселенска темнина која ја опкружува.

Земјата е единствениот свет, за кој досега се знае дека на неа постои живот. Нема место на кое, барем во блиска иднина, нашиот вид би можел некаде да се пресели. Сакале или не, Земјата е единственото место каде ја играме сопствената претстава. Кажано е дека астрономијата е искуство кое учи на скромност и го изградува карактерот.

Според мене, точката на нагласува нашата одговорност да бидеме љубезни еден кон друг и да ја сочуваме и негуваме бледосината точка, единствениот дом за кој некогаш сме знаеле.“

Превод: Петар Ивановски

Извор: cudaprirode.com

Сподели.