Ако сте уметник со животна цел за одење на Месечината, потрагата ви заврши. Во конференција со пренос во живо на повеќе од 100000 луѓе, Елон Маск го открил првиот приватен патник кој ќе лета околу месечината и тој патник има сериозно вонземски планови.
Претприемачки милијардер Јусаку Маезауа не само што купил седиште за него, туку и додатни места наменети за шест до осум музичари, фотографи, архитекти и други уметници за да му се придружат во патувањето до Месечината кое ќе трае една недела и ќе се поминат ~390000 километри на Големата Фалкон Ракета. Вели дека неговиот проект #dearmoon (#драгамесечина) е напор за инспирирање на светски мир преку уметност.
„Од кога сум бил дете, јас сум ја сакал Месечината“, вели Маезауа на понеделничка прес конференција одржана во SpaceX во Лос Анџелес. „Самото зјапање во Месечината ми ја полнеше имагинацијата. Секогаш е таму и продолжува да го инспирира човештвото. Заради тоа не можев да ја пропуштам можноста да ја видам Месечината од близу и во исто време не сакав да имам толку фантастично искуство сам.“
Маезауа велел дека нема да сподели колку потрошил за неговиот нов зафат, но Маск рекол дека патувањето ќе биде беспари за уметниците и проценува дека трошокот за развитокот на ракетниот систем ќе биде околу 5 милијарди долари.
Дополнително, главниот извршен офицер на Тесла го открил новиот дизајн на ракетата за кој вели дека е „последната итерација во однос на архитектурни одлуки.“ Новите планови вклучуваат предни и задни подвижни перки кои ќе дозволуваат на ракетата да лета на „контраинтуитивен начин со товар од 100 тони и должина од 118 метри. Лунарната траекторија грубо го следи патот на Аполо 8 мисијата која ја орбитирала Месечината во 1986 година.
— Elon Musk (@elonmusk) September 17, 2018
— Elon Musk (@elonmusk) September 17, 2018
Следни во агендата на SpaceX се „многу пробни летови“. Маск вели дека првите пробни летови ќе започнат следната година и дека летови со висока брзина и надморска височина ќе започнат во 2020 година. Ако „помине добро“, вели дека компанијата може да почне со првите орбитални пробни летови за 2-3 години. Ако тргне лошо, може да тргне многу лошо.
„Ова не е прошетка во парк“, предупредил Маск. „Бара многу тренирање и кога се бутка фронтот не е сигурна работа. Не е само правење воздушен лет до некаде. Има шанси дека нешто може многу да се залоши.“
Најавата ја обележува десетата годишнина на првиот успешен орбитален лет на SpaceX во 2008 година. Во помен на тој лет, Маск ја однесе неговата најава во доста есотерична територија.
„Важно е да се земе во предвид дека може да има природни настани или вештачки настани кои би ја уништиле цивилизацијата и животот како што го познаваме“, вели. „Важно е да пробаме да станеме мултипланетарна цивилизација и да го продолжиме животот вон Земјата и тоа да го направиме најбрзо што можеме.“
Ако сте ги следеле зафатите на SpaceX преку минатата деценија, тогаш сте свесни за тенденциите на Маск да нишани високо, но не секогаш да заврши со успех. Фалкон Хеви го направил првиот пробен лет во февруари што е четири години покасно од очекуваното време.
Во однос на целта за лансирање во 2023 година, Маск вели дека сакал да биде јасен дека е „дефинитивно несигурен дали ќе се случи навреме, но ако се случи може и тој да биде во леталото.
Превод: Јован Милосковски
Извор: IFLScience