Белите џуџиња, компактни остатоци од ѕвезди со мала и средна маса, имаат магнетно поле илјада, па дури и милијарди пати посилно од тоа на Земјата. Прашање е како доаѓа до формирање на овие полиња.
Разни теории
Од сите набљудувани бели џуџиња, магнетното поле е успешно детектирано кај секое петто, односно десетто бело џуџе. Постојат неколку теории кои го објаснуваат настанокот:
Една од можностите е магнетното поле да е „фосилизирано“, односно дека дошло до негово засилување во текот на еволуирањето на ѕвезденото јадро во белото џуџе.
Другата можност е прашањето за интеракција во двојниот систем. Така, во текот на формирањето на белото џуџе во ваков систем, магнетното поле е засилено покрај ефектот на спојување на двете звезди.
Како трета можност се наведуваат и некои други физички процеси, кои дошле до израз во текот на ладењето на белото џуџе. Тимот од научници од Институтот за вселенски истражувања – CSIS во Каталонија, Шпанија, неодамна објавија резултати врз основа на набљудувањата на претходно наведените трети можности.
Белите џуџиња се остатоци од ѕвездите, односно од ѕвездените јадра, кај кои нуклеарни процеси се завршени, така што во центрите на белите џуџиња нема нуклеарна фузија. Како резултат на ова, белото џуџе зрачи енергија во околниот простор и постепено се лади. Во текот на процесот на ладење, доаѓа до интересни трансформации во внатрешните структури на белото џуџе: во почетокот, белото џуџе претставува течност, односно јонизирана мешавина од јаглерод и кислород, која во текот на ладењето преоѓа во цврста, кристална супстанца.
Кристалната фаза на белото џуџе е богато со кислород и е густа, за разлика во течната фаза, така што доаѓа до потонување на кристалите кон центарот во текот на зацврснувањето. Како резултат на овој процес со преоѓањето на кислородот во цврста фаза, доаѓа до појава на цврсто јадро, богато со кислород и тесна обвивка, богата со јаглерод и во суштина е нестабилно. Според Рајлајт – Тејлор, во текот на кристализацијата сè повеќе материи кои зацврснале, тонат кон јадрото.
Универзалност на процесот?
Цврстото јадро и нестабилната течна обвивка е всушност таква структура, каква што се очекува и кај планетите какви што се Земјата и Јупитер. Магнетните полиња на споменатите планети се слични од причина што се создадени со динамо ефектот во процесот на ладење и хемиските делења во внатрешноста. Исто така, интензитетот на добиено поле е таков што е сразмерно поголем како што растат димензиите на набљудуваниот објект, како на пример ѕвездата Т Таури.
Доколку магнетното поле на белото џуџе се создава со ист динамо ефект, тоа може да значи дека станува збор за универзален принцип на создавање на магнетно поле кај астрофизичките објекти, со оглед на тоа дека станува збор за процес на генерирања кои би можеле да бидат ефективни.
Превод: Петар Ивановски
Извор: Astronomski Magazin