Дури по неколку години набљудувања од страна на вселенското летало Војаџер 2 на НАСА беше откриена една од најголемите мистерии за Уран – составот на неговите облаци, при што беше докажана една од клучните состојки на неговите облаци.
Глобалниот истражувачки тим, вклучувајќи го и Глен Ортон од JPL лабораторијата на NASA во Пасадена, Калифорнија, спектроскопски ја беше раздвоил инфрацрвената светлина од Уран, добиена на 26.25 стапки (8 метри) од Gemini North телескопот во Мауна Кеа, Хаваи. Тие пронашле водород сулфид – гас со карактеристичен мирис, во облаците на половите на Уран. Пронајдоците од долготрајното истражување беа објавени во 23-тото априлско издание на списанието Nature Astronomy.
Детекцијата на водород сулфид високо во Урановите облаци (и најверојатно во Нептуновите) претставува зачудувачка разлика од гасовитите џинови сместени поблиску до Сонцето – Јупитер и Сатурн, каде што беше детектиран амонијак над облаците, но не и водород сулфид. Овие разлики во атмосферскиот состав ги наметнаа прашањата за создавањето на планетите и нивната историја.
„Се сомневавме дека водород сулфидот одредено време влијаел врз милиметарскиот и радио спектарот на Уран, но не можевме да ја измериме апсорпцијата, неопходна за да го докажеме тоа. Во моментов, деловите од сложувалката доаѓаат на своето место.“ – рече Ортон.
Податоците од Гемини, добиени со инструментот NIFS (Near-Infrared Integral Field Spectrometer), покажуваат дека примерокот ја рефлектира Сончевата светлина од делот веднаш над видливиот слој на облаци во атмосферата на Уран.
„Додека линиите кои се обидувавме да ги детектираме беа одвај присутни, ние го направивме тоа благодарение на чувствителноста на NIFS на Гемини, заедно со одличните услови на Мауна Кеа.“ – рече водечкиот автор Патрик Ирвин на Универзитетот во Оксфорд во Велика Британија.
Засега, без грижи дека мирисот на овој гас ќе ги нападне сетилата на човекот. Според Ирвин, „Изложеност на негативни 200 Целзиусови степени (или минус 328 степени по Фаренхајт), при атмосфера составена главно од водород, хелиум и метан, нема да предизвика мирис, односно ќе треба да помине повеќе време за да го почувствуваме мирисот.“
Превод: Матеј Пислевски
Извор: NASA