Риба-робот ќе ги истражува океаните на Европа

0
Риба-робот ќе ги истражува океаните на Европа

Уметнички приказ на сондата која ќе ги истражува океаните на Европа. Извор: NASA/Cornell University/NSF.

НАСА и ЕСА (Европската вселенска агенција) се во подготовки за пуштање на сонда во орбитата на Европа, една од најголемите месечини на Јупитер. Оваа замрзната месечина е познат кандидат за пронаоѓање на живот во рамките на нашиот Сончев систем. Се верува дека има голем потповршински океан од вода, кој можеби ги содржи елементите потребни за живот.

Со цел да се направат подобри истражувања замислено е да се дизајнира и испрати сонда уште подлабоко во внатрешноста. Идејата е да се создаде роботска риба која ќе може да ги истражува океаните. Роботот ќе има движења на риба, а изгледот ќе потсетува на сипа. Екстремитетите ќе бидат електродинамични и ќе служат за генеренирање енергија, користејќи ги силните електромагнетни полиња на Јупитер.

Роботот ќе се движи низ течната вода со помош на електролиза на водата, процес со кој водната молекула се дели на водород и кислород. Овие гасови потоа би биле посебни складирани внатре во роботот, по што ќе се спојат и запалат со искра, создавајќи мини-експлозија која ќе го придвижи роботот нанапред.

Ова се револуционерни предлози за одрджување во живот на сондите, бидејќи конечно би се заменила потребата од долговечни батерии, Сончева или пак, нуклеарна енергија.

Друг револуционерен концепт е растегливата, осветлувачка кожа со која ќе биде обложен роботот. Вака, ќе му биде овозможено да направи подобри подводни снимки.

Тимот кој работи зад овој проект доби грант од 100.000$ од НАСА, но сепак ќе треба да се доработува и доколку е успешен и во наредните фази најверојатно ќе добие уште поголема финансиска помош.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFLS

Сподели.