Научниците од МИТ открија планетарен систем на околу 40 светлински години од Земјата, во кој се наоѓаат три светови на кои постои можност за живот. Според нивните големини и температури, истражувачите заклучиле дека на секоја од нив најверојатно може да опстои живот. Ова откритие беше објавено во мај, а сега има дополнителни новости кои велат дека двете највнатрешни планети се најверојатно карпести со атмосфери компактни и слични на нашата, онаа на Марс и Венера.
Сè започна кога во мај телескопот Хабл (Hubble) забележа редок настан на двоен транзит, односно две планети кои речиси истовремено преминуваат пред нивната ѕвезда. Понатаму, биле направени дополнителни чекори и за првпат биле направени спектроскопски опсервации на двоен транзит, со што е овозможено истовремено испитување на атмосферите на двете планети. Научниците направиле мерења на промените во брановата должина и количината на ѕвездена светлина која се намалува при секој транзит. Добиените податоци биле совршени.
Научниците работат на подесување на повеќе телескопи од Земјата за детално да се испита овој, а и да се откријат повеќе вакви системи. Ѕвездата во системот TRAPPIST-1 е особено студено кафено џуџе и повеќе зрачи во инфрацрвениот отколку во видливиот спектар.
Превод: Михаела Стојанова
Извор: Phys