Човештвото сега има нова перспектива за прстените на Јупитер, благодарение на вселенските леталo на НАСА, Јунона (Juno). Во текот на своето почетно собирање на податоци за Јупитеровите полови на 27-ми август 2016 година, Јунона ја сликаше првата некогаш направена фотографија од прстенестниот систем на големата планета одвнатре, откри тимот од членови на мисијата (четврток, 25-ти мај).
Фотографијата, која Јунона ја направи со својата навигациона камера, исто така покажува дел од соѕвездието Орион, вклучувајќи ја и ѕвездата Бетелгез и трите ѕвезди кои го сочинуваат појасот на Орион.
„Она што го гледаме тука е прстен од прав, кој се наоѓа на 40.000 милји (64.000 километри) оддалеченост [од Јунона] и ѕвезди кои се стотици светлосни години далеку, сите во иста слика,“ изјави Хајди Бекер, раководител на истражувањето и мониторинг на Јунона во Propulsion Laboratory на НАСА Jet во Пасадена, Калифорнија, за време на прес-конференцијата во четвртокот.
„Тимот на Јунона сакаше да го сподели овој поглед со светот.“ вели Бекер. „Нам небото ни изгледа исто како од Јупитер”, додаде таа.
Мисијата Јунона, која чини 1,1 милијарди долари, започна во август 2011 година и пристигна во орбитата на Јупитер на 4-ти јули 2016 година. Вселенското летало ги користи своите осум научни инструменти за да ги проучува структурата и составот на џиновската планета, како и нејзиното гравитациско и магнетно поле.
Главната цел на мисијата е да ни помогне да разбереме како Јупитер настанал и како еволуира, како и да ни даде информации за да добиеме увид во историјата на соларните системи во целина, рекоа членовите на тимот на мисијата.
Јунона ги собираше поголемиот дел од своите податоци за време на надлетувањата во близина на половите на планетата, кои се случуваат еднаш на секои 53,5 Земјини денови. На 27-ми август беше првиот таков премин на најмала оддалеченост од Јупитер (perijove); сондата оттогаш изврши уште четири други.
Предвидено е мисијата Јунона да заврши во февруари 2018-та година.
Новообјавените фотографии на прстените на Јупитер беа прикажани за време на прес-конференцијата, која беше посветена на дискусија на изненадувачките поларни циклони на планетата, таинствените аурори, можеби „нејасни“ основни и некои други клучни резултати, земени од првите неколку блиски прелети на Јупитер.
Системот од прстени на Јупитер е многу помал и послаб од познатиот леден диск кој го опкружува Сатурн. Галилео Галилеј ги забележал прстените на Сатурн на патот назад во 1610 година, но тие на Јупитер не биле забележани до 1979 година, кога НАСА сондата Војаџер 1 ги забележа во близина на големата планета. (За евиденција: Галилео не можел да каже што точно биле прстените на Сатурн, бидејќи неговиот телескоп бил премногу слаб; холандскиот астроном Кристијан Хајгенс бил првиот кој ги идентификувал како прстени, во 1659 година.)
„Јупитеровиот систем од прстени има три главни компоненти: еден пар многу слаби надворешни прстени, наречени ефирени прстени; еден широк, рамен главен прстен, и дебел внатрешен прстен наречен ореол“, претставници на НАСА напишаа на една страница за прстените на планетата. „Се чини дека прстените се создадени од честички прав исфрлени од влијанијата на малите месечини.“
Сите четири џиновски планети од Сончевиот Систем – Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун – имаат прстени.
Превод: Бојан Николовски
Извор: Space