Прв спектар на видлива светлина од екстрасоларни планети

0
Прв спектар на видлива светлина од екстрасоларни планети

Уметнички приказ на 51 Pegasi b. Авторски права: ESO/M. Kornmesser/Nick Risinger

Користејќи ја машината за „ловење“ планети, ХАРПС (High Accuracy Radial Velocity Planet Searcher – HARPS) на опсерваторијата Ла Сија (La Silla) на ESO во Чиле, астрономите за првпат детектираа спектар од видлива светлина, рефлектиран од една екстрасоларна планета. Ова набљудување ни открива нови особини од овој познат објект – досега први откриени вонсоларни планети кои се во околината на обичната ѕвезда 51 Pegasi b.

Резултатите од оваа техника ветуваат уште подобри откритија во иднина, особено со доаѓањето на следната генерација иnструменти, како што се ESPRESSO на VLT и идните телескопи, на пр. E-ELT.

Вонсоларната планета 51 Pegasi b се наоѓа на околу 50 светлински години од Земјата, во соѕвездието Пегаз (Pegasus). Откриена е во 1995 година, и таа е првата потврдена вонсоларна планета која кружи околу обична ѕвезда, како Сонцето. Оваа планета се смета дека е претставник на класата врели Јупитери, планети кои се релативно „обични“, слични по масата и по големината на Јупитер, но орбитираат многу поблиску до својата ѕвезда. По ова познато и важно откритие, пронајдени се повеќе од 1.900 вонсоларни планети во 1.200 планетарни системи.

Тимот кој дојде до ова откритие го води професор од Институтот за aстрофизика и вселенска наука и научници од Универзитетот во Порто, Португалија. Тие го користеа инструментот ХАРПС на ЕСО 3.6-метарскиот телескоп ХАРПС на ESO, во опсерваторијата Ла Сија во Чиле.

Во моментот, најчесто користена метода за испитување на атмосферата во вонсоларните планети е набљудувањето на спектарот на ѕвездата-домаќин, филтриран низ атмосферата на планетата во текот на транзитот, техника позната под името трансмисиска спектроскопија. Алтернативниот пристап е набљудување на систем кога ѕвездата поминува пред планета, кој веднаш дава информации за температурата на вонсоларните планети. Оваа нова техника не зависи од планетарните транзити, па затоа потенцијално може да се искористи за проучување на многу повеќе вонсоларни планети. Техниката допушта спектарот на планетата да се открие директно во видливата светлина, што значи дека може да се стигне до нејзините карактеристики кои се недостапни со сите други планети.

Спактарот на ѕвездата-домаќин се користи како основа за барање за слични светлински траги, кои се очекува да биде рефлектиран од планетата која има своја елиптична траекторија. Ова претставува доста тешка задача, бидејќи сигналот е придушен од блескавата светлина на ѕвездата домаќин.

Вонсоларната планета 51 Pegasi b има маса која е речиси половина од Јупитер и орбита со инклинација од околу 9% во однос на правецот на Земјината. Планетата е поголема од Јупитер во дијаметар и многу добро рефлектира светлина. Овие особини се стандардни за планетите од типот врели Јупитери, која се наоѓа во близина на ѕвездата-домаќин и изложена е на постојана интензивна ѕвездена светлина.

ХАРПС е од витална важност за ова откритие, но факт е дека овие резултати се добиени со помош на 3.6 метарскиот телескоп на ESO, кој има ограничувачки можности во рамките на оваа техника. Постоечката опрема ќе биде заменета со многу понапредните инструменти на големите телескопи, како Многу големиот телескоп – VLT, како и E-ELT на ESO.

Превод: Петар Ивановски

Извор: Astronomski Magazin

Сподели.