Една од најспектакулатните експлозии на ѕвезда фотографирана од телескопот Хабл (Hubble Space Telescope) претставува јасен пример за проширување на експлозија. Видливо е зголемувањето на маглината Homunculus во периодот од 1995-2008 во фотографиите на ѕвездениот систем Кобилица (Eta Carinae).
Филип Хенерехос, еден од авторите на анимацијата и воедно автор на повеќе статии за Кобилица се сетил да ги провери фотографиите од Хабл. Во соработка со Жан Лук Дуверн, Филип бил во потрага на статичен објект на фотографиите додека трае проширувањето. За статичен објект биле земени две ѕвезди кои послужиле како доказ за проширувањето при споредување на повеќе фотографии.
Анимацијата се здобила со популарност откако била објавена во списанието First Light, и како слика на денот во Astronomy Picture of the Day website. „Кобилица“ мистериозно блеснала пред 170 години, со што станала вториот најсветол објект на небото. Згаснала пред 150 години, а причината за тоа е сè уште тема на истражување на астрономите.
Извор: Universe Today
Превод: Ксенија Трајковска