Научници пронашле доказ за ерупции од вода на Јупитеровата месечина Европа сокриен во податоци стари децении од Галилео сондата на НАСА. Ова може да има важни импликации за потрагата по живот.
Пронајдено е дека на 16 декември 1997 година, сондата прелетала преку водена ерупција на Европа која можно е да потекнува од океанот за кој се мисли дека е сокриен под смрзнатата површина. Ова потврдува наоди на Хабл Телескопот дека Европа има колумни од ерупции. При прелетувањето, наречено Е12, сондата прелета на височина од 200 километри над површината. Податоци од Инструментите покажуваат дека имало нагло покачување на магнетното поле и густината на плазма преку 3 минути.
Се сметало дека наглата промена во сензорите не се поклопува со ерупција од месечината. Ако водата потекнува од површината, би имало капки со големина од молекули до честички од прав. Водата би се јонизирала како што патува во вселената, претворувајќи се во плазма.
Плазмата исто може да влијае на магнетното поле значејќи дека Галилео би можел да направи две детекции на оваа ерупција со неговите два инструменти. Со компјутерска симулација се докажало дека промените во сензорите биле најверојатно ерупција на која дури може да се одреди големината. Ерупцијата имала ширина од 1000 километри.
Првиот пат кога се забележала промената во сензорите не било сигурно што се случувало. Било години подоцна кога се пронашле ерупции на Енцелад, Месечината на Сатурн, а Хабл нема пронајдено ерупции на Европа пред 2010тите. Ваква појава е многу нова.
Од сите прелетувања на Галилео, Е12 е единствено во кое сондата се сретнала со ерупција. Друго прелетување, Е26 на 3 јануари 2000 година на висина од 400 километри е пронајдена нагла промена во сензорите која траела само секунди и се смета дека не била резултат на ерупција. Една од најинтересните нешта за Е12 е локацијата на ерупцијата. Се смета дека ерупцијата доаѓа од кратер на Европа наречен Пвил Кратер кој е на југ од екваторот на месечината и е сличен регион како тој каде што Хабл забележал ерупција.
Ова укажува дека има некаква температурна аномалија во оваа област од каде што Европа емитува колумни од вода. Не е сеуште јасно колку овој процес продолжува, што би било важно за научници на две мисии во иднината. Некои го гледаат Енцелад како подобар пат за потрага по живот бидејќи има континуирани ерупции од јужниот пол. Сепак за сега има две мисии кои се наменети за Европа, а ниедна за Енцелад.
Во раните 2020ти, НАСА планира да прати мисија на Европа, наречена Европа Клипер. Оваа сонда ќе изврши 45 прелетувања на месечината, многу од кои ќе бидат пониски од Е12 прелетувањето. Ако лавините се таму сондата може да земе директно примероци од нив.
Мисија на ЕСА трга за Европа во 2022. Наречена е Истражувач на Смрзнати Месечини на Јупитер. Сондата исто така има способност да земе директни примероци.
Веќе имаме сонди околу Јупитер. На НАСА Јуно сондата моментално орбитира околу половите на Јупитер и не е јасно дали ќе има прилика понатаму да ја проучува Европа, но ако има ќе биде од 2022 па натаму.
Се смета дека океанот под површината на Европа е голем, можно и со повеќе вода отколку што има Земјата. Пристапување до океанот е тешко бидејќи месечината има кора од мраз дебела десетици километри. Овие ерупции даваат начин да се земе примерок од океанот без копање. Иако процесот на настанување не е јасен, се смета дека точки на површината можат да се отворат испуштајќи големи млазови вода во вселената. Ова има секакви импликации. Внатрешноста на Европа и други смрзнати месечини можат да содржат основни состојќи за живот, вклучувајќи вода и енергија во форма на топлина. Ако имаат хидротермални точки на олеснување на површината на океанот како што некои велат, тогаш месечините можат да бидат идеални локации за појавување на живот.
Очигледната насока е да се мери составот на ерупциите за да се види дали се содржат основните состојќи за живот во ерупциите. Европа можеби праќа примероци од океанот право во вселената.
Превод: Јован Милосковски
Извор: IFLScience