Пронајдени нови резерви од мраз во осветлените поларни области на Месечината

0

Американската сонда LRO (Lunar Reconnaisance Orbiter), детектираше нови резерви од мраз во осветлените јужни поларни области на Месечината.

Научниците се обидуваат да ја решат мистеријата за тоа зошто мразот не испарува под влијанието на Сончевите зраци. Ова е многу важно не само за колонизацијата на Месечината, туку и за настанокот на водата на Земјата.

Научниците долго време мислеа дека мразот на Месечината се наоѓа само на местата каде температурата е доволно ниска за негово формирање и одржување. Но, не биле во право. Покрај тоа, новото откритие значително ја зголемува количината на водата која се наоѓа во нашиот природен сателит. Со помош на сондата за набљудување на површината на Месечината од орбитата на LRO, со сигурност се знае дека мразот се наоѓа во зоните со поголема температура.

Пронајдени нови резерви од мраз во осветлените поларни области на Месечината

Леталото LRO (Lunar Reconnaissance Orbiter)

Серијата откритија од LRO, кој кружи околу Месечината од јуни 2009 година, започнале кога по ударот на сондата LCROSS во површината на Земјата, се детектирани трагите вода во кратерот Кабеј. Потоа, LRO откри мраз во зоните на вечниот мрак, на дното на поларните кратери, каде Сончевите зраци не можат да допрат. Во тие темни и многу ладни области, водениот мраз постои милиони години и теоретски може да се смета како вечен. Основната теорија на неговото настанување е дека во текот на еволуцијата на Месечината, многубројните комети богати со воден мраз ја бомбардирале нејзината површината. Тие кои паднале на дното на поларните кратери, каде Сончевите зраци не можат да допрат, практично таму оставиле милиони тони воден мраз, кој таму постои од најраната фаза на животот на Месечината.

Пронајдени нови резерви од мраз во осветлените поларни области на Месечината

Месечевиот јужен пол направен од мозаик фотографии од апаратот LRO

А тогаш, во 2012-та година, сондата, со помош на рускиот неутронски детектор LEND за првпат открил траги на мраз и на осветлените делови од кратерот. Податоците кои биле добиени укажале каде концентрацијата на водениот мраз е најголема.

Пронајдени нови резерви од мраз во осветлените поларни области на Месечината

Поларната хидрогенска мапа на Месечината покажува промена на местата северниот и јужниот пол, точката на падот на сателитот LCROSS, додека светлите области покажуваат зони со поголема концентрација на водород

Во јуни 2017-та година дошле нови откритија на мраз во осветлените области околу јужниот пол со помош на американските инструменти LOLA (ласерски висинометар) и DIVINER (инфрацрвен термометар), кој е способен да регистрира и најмала варијација на температура на површината на Месечината. Врз основа на добиените податоци, научниците направиле две мапи, кои покажуваат колку се топли различните области на Месечината и со каква ефикасност рефлектираат светлина. Комбинациите од овие параметри овозможуваат прецизно да се одредат местата каде се наоѓаат големи резерви од мраз. Тие области се типично ладни во однос на сувата површина на Месечината и подобро ја рефлектираат светлината.

Пронајдени нови резерви од мраз во осветлените поларни области на Месечината

Спектакуларна снимка од изгревањето на планетата Земја над Месечевиот кратер Комптон

Ова многу важно откритие отвора серија други прашања, а меѓу нив и главното – како водата дошла на Месечината и зошто не испарила под влијанието на Сончевите зраци? Уште една голема и многу необична загатка е поврзана за несразмерно малата количина на мраз на Месечината во однос на Меркур. Без оглед што Меркур од Сонцето е најблиску, таму има четири пати повеќе мраз отколку на Месечината. Но, научниците сè уште немаат одговор за причината за ова и се надеваат дека со помош на податоците кои ги испраќа американската Месечева сонда – LRO, сепак ќе најдат одговор и на ова прашање.

Превод: Петар Ивановски

Извор: Астрономски Магазин

Сподели.