Привиден сјај

0

Привиден сјај на ѕвездите

Во 19. век Норман Погсон забележал дека разликата во сјајот помеѓу ѕвездите од првата и шестата група (магнитуда) е околу 100 пати. Со развојот на фотометриската апаратура потврдена е точност на Вебер-Фехнеровиот психофизички закон, кој гласи:

(m2-m1) log c = log E1/E2

Во оваа равенка, m1 и m2 претставуваат привидни ѕвездени величини (субјективни чувства на дразбата), а E1 и E2 се соодветните осветлености кои се објективни дразби и се мерат во лукси (lx) или вати на метар квадратен (W/m2); c=2,512.

Погсоновиот закон е изведен од претходниот и математички може да се претстави како: log E1/E2=0,4(m2-m1), или за релативниот однос на сјајот добиваме:

E1/E2=2,512(m2-m1)

Чувствителноста на човечкото око не е линеарна, туку логаритамска. Тоа практично значи дека доколку имаме две ѕвезди кои се разликуваат за 4 магнитуди, едната од нив е посјајна од другата околу 40 пати (т.е. 2,512 на 4-ти степен: 2,5124=39,82). Следнава табела ја читаме така што ѕвездите со нулта магнитуда ги земаме за референтни (=1), а односот помеѓу 7m и 2m е 630 : 6,3 = 100 = 2.512(7-2).

Привиден сјај на ѕвездите

Табела: привиден сјај на ѕвездите

Сподели.