Оваа неверојатна слика покажува целосен преглед на Млечниот Пат од јужната хемисфера.
Научниците составија огромна слика од повеќе од 700 опсервации од страна на телескопот APEX (Atacama Pathfinder Experiment telescope) во пустината Атакама во Чиле. Открива пофини детали на галаксијата во споредба со претходните слики, вклучувајќи ги повеќето од местата каде што се родени нови ѕвезди, како мистериозниот Галактички центар и ладни региони од прашина и гас каде температурата е само неколку делови од степен над апсолутната нула.
Ова е првата слика која ја покажува јужната половина на нашата галаксија во субмилиметарски бранови должини – светлината помеѓу инфрацрвените и радио бранови. Со комбинирање на ваков начин и користејќи различни бранови должини на светлината, научниците додале нов слој на деталност во сликата. Овде, се покажани телескопските податоци од претходно скенирање од страна на сателитот Планк на Европската вселенска агенција.
Бидејќи живееме во Млечниот Пат, нашиот поглед од Земјата е од работ одвнатре, па затоа изгледа како кривина на целиот пат преку небото. Набљудувачите обично алудираат на оваа кривина како Млечен Пат, но всушност сите ѕвезди кои ги гледаме на ноќното небо се дел од галаксијата.
Европската јужна опсерваторија (ESO) го објави новиот поглед на нашата галаксија за да го одбележи крајот на истражувањето на телескопот именувано Преглед на голема област од галаксијата (Large Area Survey of the Galaxy), име кое е достојно за големината на задачата на проектот: биле потребни повеќе од 400 часа време на телескоп во текот на три години за да се соберат податоците за оваа слика.
Превод: Александра Атанасоска
Извор: National Geographic