Во четврток на 02.10.2014 година, со почеток во 12:15 часот во амфитеатарот „Ордан Печијаре“ на Природно-математичкиот факултет, проф. Милтон Веинрајт од Одделот за молекуларна биологија и биотехнологија од Универзитетот во Шефилд, Велика Британија, ќе одржи предавање со наслов Evidence of life from space.
Милтон Веинрајт спаѓа во моментално најпопуларните астробиолози во светот заедно со Chandra Wickramasinghe. Моментално главна преокупација му е нео-панспермијата, односно дека животот дошол и продолжува да доаѓа од Вселената и сè уште има микроби кои доаѓаат на Земјата од Вселената. Работи во Одделот за молекуларна биологија и биотехнологија на Универзитетот Шефилд (Department оf Molecular Biology and Biotechnology), каде што предава микробиологија и астробиологија. Член е на Кралското астрономско друштво, а почесен професор е на Универзитетот на Кардиф (Велс), Универзитетот на Кралот Сауд (Саудиска Арабија) и Универзитетот на Бакингем (Англија).