Прастара ладна дамка предизвикана од суперпразнина

0

Научниците се заинтересираа за необична ладна дамка која што се појави во мапите на најраната светлина емитирана во Универзумот. На почеток, се сметаше дека е знак на некој космички судир, но според новите резултати оваа дамка се чини дека е огромна празнина – најголемата во Универзумот.

Ладната дамка се појавува во космичките микробранови мапи на младиот Универзум. Сликата покажува флуктуации на температурата стари 13.77 милијарди години. По космичкото проширување, сè уште има невообичаено голем ладен регион. Се појавија различни теории вклучувајќи егзотична физика или паралелни универзуми. Но има поедноставно објаснување: ладната дамка била предизвикана од огромна празнина во Универзумот.

Тим предводен од Истван Запуди од Универзитетот на Хаваи, Хонолулу спроведе потрага по огромна дупка користејќи наоди од целото небо направени од сателитот на НАСА, Wide-field Infrared Survey Explorer (WISE). Кога ќе се пресретне со темнината и празни предели со многу малку материја, радијацијата губи од својата енергија; ова e објаснување за тоа како огромна празнина можела да биде причина за ладна дамка во микробрановите мапи.

Во мај тимот пријави таква огромна празнина – која се простира на околу 1.8 милијарди светлински години, можеби една од најголемите некогаш пројандени – во правец на ладната дамка, која е на околу 2.8 милијарди светлински години. Тие велат дека оваа аномалија е сенка на суперпразнина, вклучувајќи го своето порамнување со ладната дамка и нејзината длабочина.

Превод: Мартина Вељановска

Извор: IFLS

Сподели.