Повторно воспоставен контакт со Касини

0
Повторно воспоставен конктакт со Касини

Оваа фотографија ја прикажува на атмоферата на Сатурн, поблиску од било кој кадар до сега. Овој поглед го овозможи Касини на НАСА при неговото прво протнување во мисијата „Големото финале“ на 26-ти април 2017 година. Заслуги: NASA/JPL-Caltech/Space Science Institute

Откако на 26-ти април Касини се нурна помеѓу Сатурн и неговите прстени, тој успешно воспостави повторен контакт со Земјата, при што ги испрати информациите собрани за време на своето набљудување. Касини се доближи на 3000 километри од Сатурн.

Просторот помеѓу прстените и атмосферата на Сатурн е околу 2000 километри широк. Доколку постоеле честички во делот од прстенот каде што поминувал Касини, тие би биле многу мали. Леталото го поминало овој простор со брзина од 124.000 км/ч, брзина при која, иако толку мали, сепак честичките би можеле да му наштетат или да го онеспособат леталото при судирите со него.

Повторно воспоставен конктакт со Касини

Оваа фотографија ја прикажува на атмоферата на Сатурн, поблиску од било кој кадар досега. Овој поглед го овозможи Касини на НАСА при неговото прво протнување во мисијата „Големото финале“ на 26-ти април 2017 година. Заслуги: NASA/JPL-Caltech/Space Science Institute

Како заштитна мерка, леталото ја искористило својата голема антена во форма на чинија, со дијаметар од 4 метри и ја употребило како штит, ориентирајќи ја во правец на честичките кои доаѓаат во судир со Касини. Ова значи дека леталото било надвор од контакт со Земјата за време на прелетувањето низ прстенот, што се случи на 26-ти април. Иако надвор од контакт, Касини беше програмиран да собира научни податоци и да ги испрати на Земјата. Следното нурнување на Касини е закажано за 2-ри мај.

Повторно воспоставен конктакт со Касини

Оваа фотографија ја прикажува на атмоферата на Сатурн, поблиску од било кој кадар досега. Овој поглед го овозможи Касини на НАСА при неговото прво протнување во мисијата „Големото финале“ на 26-ти април 2017 година. Заслуги: NASA/JPL-Caltech/Space Science Institute

Лансиран во 1997 година, Касини пристигна на Сатурн во 2004 година. По најблиската средба со Титан на 21-ви април, Касини ја започна мисијата наречена „Големата завршница“, со вкупно 22 нурнувања помеѓу прстените и планетата, отприлика еднаш неделно. Податоците од првото нурнување ќе им помогнат на инженерите да разберат ако и како да го заштитат леталото при идните нурнувања. Леталото е на траекторија која на крајот ќе го однесе во атмосферата на Сатурн, каде ќе се заврши мисијата на 15-ти септември 2017 година.

Превод: Александра Б.

Извор: Phys

Сподели.