Полната Месечина минатата недела и други интересни настани летово

0

Погледнете ги нашите известувања за најдобрите појави на небото кои ќе следуваат оваа сезона.

Поглед кон месечината на 20-ти јуни сведочеше кон нешто што не беше видено со децении. Таа ноќ, зависно од вашата локална временска зона, месечината изгреа во ист ден со јунската долгоденица, за првпат од 1948 година.

За луѓето од северната хемисфера, јунската долгоденица го означува моментот кога земјината северна оска е наклонета кон Сонцето, давајќи ни ги најдолгите денови и најкратките ноќи во годината. Во исто време, земјината јужна оска е отклонета од Сонцето, сигнализирајќи го старот на зимската сезона, со најкратки денови и најдолги ноќи.

Полната Месечина минатата недела и други интересни настани летово

Полната Месечина изгрева од зад Опсерваторијата Lick во Калифорнија. Заслуги: Rick Baldridge

Оваа година, јунската долгоденица официјално започна во 6:34 попладне ЕТ (22:34 UT), точното време кога Сонцето ја постигнува својата најсеверна точка на нашето небо.

Исто така, оваа година, јунската полна месечина, понекогаш наречена јагодтка месечина, изгреа на исток, во моментот кога Сонцето зајде на запад, поплавувајќи го нашето опкружување со лунарна светлина низ целиот период од ноќта.

Оваа година, месечината влегува во нејзината целосна фаза во 7:02 наутро ЕТ (11:02 UT) на 20ти јуни, што значи двата настана се разделени за околку 12 часови. Последен пат кога долгоденица и полна месечина беа на раздалеченост од 12 часа, се случи во 1986 година.

Појавата на долгоденица и полна месечина беа разделени само неколку часа, но се случија во различни денови за некои временски зони во 1967 година. Мора да се вратиме многу поназад кога последен пат двата настана се случија подредено, скоро симултано: тие беа разделени за помалку од еден час на 21-ви јуни 1948 година.

Со почетокот на летото на северната, и зимата на јужната полутопка, ги набројуваме најзначајните случувања за сезонава:

28-29 јули: метеорски дожд Делта Аквариди (Delta Aquarid)

Delta Aquarids ќе се гледа за време на раните утрински часови на 28 и 29 јули, со дури 20 метеори на час видливи од темни локации. И покрај годинашната полумесечина чиј отсјај малку ќе го пригуши ова шоу, посматрачите на небото сеуште ќе можат да очекуваат многу „ѕвезди кои паѓаат“.

29 јули: Окултација (помрачување) на Алдебаран

Инзвонредната портокалова ѕвезда Алдебаран (Aldebaran), „окото“ на соѕвездието Бик, ќе биде помрачена од страна на Месечината (која ќе биде во фаза после полна, а пред трета четвртина), настан кој астрономите го нарекуваат окултација. Овој момент на исчезнување ќе биде видлив низ цела Централна Америка, источниот дел на Северна Америка, јужна Европа и северна Африка. Окултацијата ќе се случи со раѓање на зората, кога Месечината ќе биде ниско на североисточното небо.

Полната Месечина минатата недела и други интересни настани летово

Светлата портокалова ѕвезда Aldebaran ќе се појави позади полумесечината на 29-ти јули

12-13 август: Метеорски дожд Персеиди (Perseid)

Главниот настан за набљудување на небото преку летото, на северната полутопка, е метеорскиот дожд Персеиди. Во отсуство на Месечева светлина, во ноќните часови за време на метеорскиот дожд, десетици метеори на час се очекува да бидат видени на поголемиот дел од северната полутопка.

16-ти август: Меркур во најголема источна елонгација (издолжување)

Откако во мај се истакна со неговиот транзит преку Сонцето, во средината на август Меркур повторно ќе предизвика шоу за љубителите на небото. На 16-ти август, планетата која е најблиску до Сонцето ќе го достигне своето најголемо растојание од него, оддалечувајќи се од Сончевиот блесок со што ќе придонесе полесно да се забележи на небото со голо око.

27-ми август: Спој помеѓу Венера и Јупитер

Побарајте ги на западното небо двете најсветли соседни планети, Венера и Јупитер, во спектакуларно блиска средба видлива со голо око. Двата објекти кои блескаат на небото, ќе делуваат како скоро да се допираат, иако тие всушност се оддалечени стотици милиони километри.

Полната Месечина минатата недела и други интересни настани летово

На 27-ми август, фасцинантните Венера и Јупитер ќе се појават драматично блиску една до друга на ниското западно небо.

1-ви септември: Ануларно (прстенесто) затемнување на Сонцето

Среќни набљудувачи во делови од Африка ќе бидат почестени со ануларно затемнување на Сонцето, уште познато како прстен на огнот. Ова се случува кога Месечината е оддалечена од Земјата, така што не го покрива целиот диск на Сонцето за време на затемнувањето.

2-ри септември: Нептун во опозиција

Секако дека е голем предизвик да се фати поглед на далечната планета Нептун, осма планета во нашиот Сончев Систем. Но, во септември оваа планета ќе биде  најголема и најсветла на нашето небо, нудејќи ја најдобрата можност во годината за нејзино следење со телескоп.

16-ти септември: Делумно затемнување на Месечината

На овој датум Месечината ќе навлезе во надворешниот дел од конусот формиран од сенката на нашата планета, изразито помрачувајќи ја Месечевата површина. Жителите на Северна Америка ќе го пропуштат овој феномен, истиот ќе биде наклонет за небото на скоро повеќето од останатите жители во светот.

Ви посакуваме чисто небо!

Превод: Александра Бошкова

Извор: National Geographic

Сподели.