Погледнете како изгледа роверот Кјуриосити по две години поминати на Марс

0

Роверот Кјуриосити на НАСА штотуку ја заврши втората година во истражување на Марс и притоа, црвената планета си го зеде данокот. Карпестиот терен, незгодните песочни дини и изложеноста на песочните бури на Марс го уништија изгледот на роботот со големина на SUV, а тој продолжува кон својата цел, планината Шарп.

Подолу се прикажани слики со „пред и потоа“ изглед на различни инструменти и карактеристики на Кјуриосити, како и оштетеноста кој ја претрпе за време на првите две години. Сликите се превземени од Jet Propulsion Laboratory на НАСА. Секоја слика е направена од страна на MAHLI imager или Mastcam и е обележана со број Sol кога е направена секоја слика (sol претставува еден сончев ден на Марс, а на денот на објава на оргиналниот текст, мисијата беше на Sol 724).

Sol 3/Sol 689

Еден од најголемите проблеми на НАСА е штетата на шестте тркала на Кјуриосити. Не само што се изгребани и издлабени тркалата кои некогаш беа мазни, туку и на долниот лев дел може да се забележи една од многуте дупки кои се отворени на алуминиумот.

Sol 60/Sol 711

Оргиналната патека кој првично ја предвидоа научниците од мисијата беше по покарпест терен, со цел да се зголеми разновидноста на примероците до кои ќе има пристап роверот. Тие карпи (конкретно т.н. „caprock“, особено крута карпа која е отпорна на времето) ги продупчија тркалата на Кјуриосити. Моменталната патека на роверот, прикажана на сликата во десно, е преполна со песочни дини кои повремено го ставаат во застој роботот. Сликата од Sol 711 исто така покажува огромна дупка во едно од средните тркала на роботот.

Sol 36/Sol 660

Едно од многуте места на роверот кое е прекриено со црвеникава прашина.

Sol 34/Sol 591

Пенито на САД од 1909 година е дел од серијата на обележувања и објекти кои имаат за цел да помогнат во калибрација на камерите со коишто е опремен Кјуриосити.

Sol 32/Sol 674

Голем број на деловите на Кјуриосите се отворени и ќе продолжат да собираат прашина за време на целиот живот на роверот.

Sol 14/Sol 653

Бидејќи најблиската автоперална е на 320 милиони километри оддалеченост, статичните делови на роверот, како овој на сликата, се осудени да собираат марсовска прашина.

Sol 30/Sol 718

Уште еден дел за калибрација собира прашина, а логото на Jet Propulsion Laboratory (во горниот дел на сликата) е речиси целосно прекриен со прашина.

Sol 30/Sol 640

Сончевиот часовник MarsDial има улога и на алатка за калибрација на камерите. Ист ваков може да се најде и на роверите Спирит и Опортјунити, кои се во моментов на Марс.

Sol 84/Sol 613

Овие две „селфи“ на Кјуриосити, кои се направени од повеќе слики со MAHLI imager на роверот, покажуваат дека горниот дел на роверот (каде се лоцирани навигационите камери) е во прилично добра состојба и покрај оштетувањата на сите други места.

Сите слики се во сопственост на NASA/JPL.

Превод: Софија Спировска

Извор: The Verge

 

Сподели.