Хабл ги има досега најсилните докази за присуство на потповршински океан на Ганимед, најголемата месечина на Јупитер. Се смета дека овој океан има повеќе вода од целата вода на Земјата севкупно. Пронаоѓањето на вода во течна состојба е од клучно значење за потрагата по живот.
Ганимед е најголемата месечина во нашиот систем и е единствена со свое магнетно поле. Појавите на аурорите околу северниот и јужниот пол се последица токму на магнетното поле. Поради близината на Јупитер со промените на магнетното поле на планетата следуваат и промени во аурорите на Ганимед. Со набљудување на движењата на две аурори научниците утврдија дека под површината се наоѓа воден океан кој влијаје на магнетното поле на месечината.
Доколку навистина постои океан, Јупитеровото магнетно поле би создало секундарно поле во океанот кое ќе се се спротивставува. Оваа т.н. магнетна фрикција би го намалила променливото движење на аурорите. Океанот се бори против магнетното поле на Јупитер толку силно, што ги намалува променливите движења на аурорите на 2 степени. Наместо тоа, би требало да стананува збор за 6 степени, во случајот кога на Ганимед не би постоел океан.
Се предвидува океанот да се наоѓа под 150-километарска обвивка од мраз и да достигнува длабочина од 100 километри, односно до 10 пати повеќе во споредба со океаните на Земјата.
Научниците за прв пат почнаа да се сомневаат за присуството на океан на Ганимед во 70-тите. Галилео мисијата успеа да го измери магнетното поле во 2002 година, што воедно беше и прв доказ за таквите претпоставки. Леталото Галилео успеа да напраиви кратки мерења во интервали од 20 минути, но опсервациите беа прекратки за да се долови цикличното влијание од океанското секундарно магнетно поле.
На 24 април Хабл ќе прослави 25 години од почетокот на неговата мисија која ни донесе неверојатни откритија и одтагна многу тајни на Универзумот.
Превод: Михаела Стојанова
Извор: Phys