Ова е првиот филм кој го направи леталото Нови хоризонти (New Horizons) и кој ни ја открива вистинската боја на површината на Плутон и неговата најголема месечина Харон. Фотографиите се направени помеѓу 23 и 29 јуни 2015 г. откако оддалеченоста на Нови хоризонти од Плутон се намали од 24 на 18 милиони километри.
Филмот е создаден со комбинација на шест црно-бели фотографии со висока резолуција, направени од инструментот Лори и податоците за боја на инструментот Ралф. Интересно е да се напомене дека е навистина необично да се видат толку многу детали на овие две тела од толкава далечина.
Превод: Дарко Рафаиловски
Извор: NASA