Во заедничка соработка, астрофизичарите искористија собрани податоци од Планк вселенскиот телескоп со цел да ја создадат најдеталната мапа од магнетното поле на нашата галаксија досега. Ова претставува подвиг кој би можел да ги прошири нашите знаења и разбирања околу многу раниот универзум. Тимот кој работел на оваа мапа вклучува научници од Универзитетoт на Бритиш Колубија и Канадскиот институт за астрофизика.
Од неговото откривање во 1964 година, па до денес, научниците го мерат космичкото микробраново зрачење (Cosmic Microwave Background – CMB) со цел да дознаат повеќе околу настанокот и еволуцијата на универзумот. Космичкото микробраново зрачење претставува реликтно зрачење од Големиот прскот (The Big Bang) и датира околу 380 000 години после овој настан. Планковиот телескоп на Европската вселенска агенција, кој е лансиран во 2009 година, ни ја донесе досега најсеопфатната слика од космичкото зрачење, а додатно тој може да биде користен и за други цели.
Планк е способен да прими светлина од ситни честички на прашина од нашата галаксија и може да ги одреди насоките на вибрациите од овие светлосни бранови, процес познат како поларизација. Следствено, овие информации може да бидат искористени за да се разбере ориентацијата на магнетните силови линии.
Според астрофизичарот Даглас Скот, магнетното поле на Млечниот пат е важно за истражување на многу феномени во него и според Даглас, Планк ја произведува најдеталната слика до сега од магнетното поле.
Многу често, прашината не добива големо внимание, но од неа се состојат блоковите од кои настануваат земјените планети, а со тоа и формата на живот. Професорот Петер Мартин вели: „Со проучување на прашината, Планк ни овозможува да ја разбереме комплексната историја на галаксијата како и самиот живот во неа“.
Планковите податоци, кои ќе бидат објавени подоцна годинава, ќе помогнат за уверено распознавање на сигналот меѓу Млечниот Пат и оној од поларизираното космичко зрачење. Вакво распознавање ќе биде многу праткично за оние кои се занимаваат со настанокот и развојот на нашиот универзум. Дополнително, ова би требало да го прошири знаењето за универзумот во неговата почетна состојба, од само една секунда после големиот прскот, па се до времето кога првите ѕвезди биле родени.
„Овие резултати ни помагаат со отскривањето на завесата од емисиите добиени од овие мали но продорни галактички прашини, кои ја попречуваат Планковата цел за гледање кон најраните моменти од Големиот прскот со цел да се добијат докази за гравитациските бранови креирани во таа епоха“ вели Професорот Ричард Бонд.
Извор: IFLS
Превод: Бојан Андоновски