Откриена нова џуџеста планета во Сончевиот систем

0

Сончевиот систем има осум планети, од кои најоддалечен е Нептун. Се наоѓа на 30 астрономски единици од Сонцето, што е застрашувачки далеку. Астрономска единица (скратено АЈ) изнесува 150 милиони километри; толку е Земјата далеку од Сонцето, што е земено како стандардна единица за мерење на далечини внатре во системот.

Освен планети, во Сончевиот систем има и други објекти, од кои најголеми се џуџестите планети. Вкупно до пред неколку дена беа пет: Церес, Плутон, Ерис, Хаумеа и Макемаке, а во оваа категорија, веројатно припаѓа и Седна. Сега е забележан уште еден објект, кој со своите карактеристики одговара на таа дефиниција; воедно е и најоддалечениот објект во Сончевиот систем што е откриен.

space.com

space.com

V774104, во моментот таа му е ознаката, се наоѓа три пати подалеку од Сонцето отколку Плутон. Оваа поранешна планета (статусот на планетата Плутон е укинат 2006 г.) има многу елиптична орбита, оддалеченоста од Сонцето варира од 29 АЈ во перихел (кога е најблиску), односно 49 АЈ во афел (кога е најдалеку од Сонцето). V774104 се наоѓа на 103 АЈ далеку и во моментот е подалеку дури и од Седна, која во афел достигнува дури 940 АЈ.

Дијаметарот на V774104 е помеѓу 500 и 1.000 км., што е слично на дијаметарот на Церес и Седна (приближно 1.000 км.). Елементите на неговата орбита се уште се непознати: неговото точно движење дури сега треба да се пресмета, за што ќе биде потребно најмалку една година внимателно следење.

Откритието е објавено на годишниот состанок на американското астрономско друштво.

V774104 снимен со телескоп од Земјата (Credit: sciencemag.com)

Превод: Петар Ивановски

Извор: sciencemag.org/news.com.au/space.com

 

Сподели.