Откриена е приказната за галактичкиот чадор

0
Откриена е приказната за галактичкиот чадор

Заслуги: R Jay Gabanay

Убавината на потоците и вртењата што излегуваат од галаксијата Чадор (Umbrella) се резултат на џуџеста галаксија која е консумирана од страна на поголемата. Една студија од Месечните истражувања на Кралското астрономско друшство го откри процесот кој настапува и откри нешто за галаксијата. Покрај нејзината убавина, научниците во оваа галаксија имаат посебен интерес поради тоа што наликува на нашата галаксија.

Галаксиите растат со консумирање на помалите галаксии околу нив, овој процес може често да се види дури и во нашата галаксија. Како резултат на тоа консумирање, околу галаксијата NGC 4651 се создале различни форми на струи и гасови, а една од нив имала облик на рачка, па затоа оваа галаксија е позната под името Чадор. Сепак, има простор за уште прашања: Дали биле конзумирани една или повеќе галаксии? Колкава била таа?

Во 2010 година Доктор Давид Мартинез, од Универзитетот во Хајделберг, истражуваше 8 други спирални галаксии и пронајде дека 6 од нив се спојуваат со некои други соседни галаксии. Доктор Каролин Фостер од Австралиската астрономска опсерваторија ја надоврза студијата на Др. Давид за подетално да се истражува NGC 4651. NGC 4651 беше избрана поради тоа што е домаќин на една од најсветлите и најспектакуларните системи на ореол подструктури во нашата Вселена.

„Со користење на нови техники ние успеавме да ги измериме движењата на најдалечните и најслабите ѕвезди” изјави Фостер. „Ова ни овозможи да ја реконструираме историјата на системот”.

Со следење на збиени јата кои се држат заедно и покрај гравитациските сили кои се применуваат на нив, Фостер и нејзините колеги успеаја да ги утврдат движењата на ѕвездите во потоците на галаксијата. Тие открија дека овие потоци се настанати од џуџеста галаксија која била 1/50 од NGC 4651.

Во текот на истражувањето тимот исто така ја утврди далечината на јадрото на џуџестата галаксија со NGC 4651 и открија дека се наоѓа на далечина од 62 милиони светлински години.
Авторите се надеваат дека нивното истражување ќе објасни некои мистерии околу галаксиите, како што е намалената количина на сателити околу нашата галаксија.

Заслуги: R Jay Gabanay

Превод: Андреј Костовски

Извор: IFLS

Сподели.