Објектот на Сакураи: Ѕвездена еволуција низ реално време

0
Фотографијата прикажува маслена слика направена од Стивен Мак, која би требала да претставува, како од прилика изгледаат, сегашните експанзии на гас и прашина околу една ѕвезда. Мак е дел од Tohono O’dham нациионалноста, која претставува Индијанското племе на чија територија се наоѓа Кит Пик националната обсерваторија. Заслуга: The National Optical Astronomy Observatory

Фотографијата прикажува маслена слика направена од Стивен Мак, која би требала да претставува, како од прилика изгледаат, сегашните експанзии на гас и прашина околу една ѕвезда. Мак е дел од Tohono O’dham нациионалноста, која претставува Индијанското племе на чија територија се наоѓа Кит Пик националната обсерваторија. Заслуга: The National Optical Astronomy Observatory

Ѕвездениот животен тек се мери во стапка од милијарди години, па промените кај нивниот изглед ретко се забележливи за време на еден човечки живот. Па затоа, можноста да се набљудува ѕвезда која преминува од еден во друг циклус од својот живот, во само неколку месеци или години, е доста возбудливо со оглед на тоа што има малку такви познати примери. Објектот на Сакураи претставува токму ваква ѕвезда (В4334 Сгр). Првично објавена од страна на Јапонски аматерски астроном во 1996 година како “Објект налик Нова”, Објектот на Сакураи само неколку години претходно претставувал бледа централна ѕвезда од планетарна маглина. Во 1990 година овој објект засветли за фактор од 10 000. Ваквото осветлување било препишано на последниот блесок од хелиумовата обвивка. При овој процес прегореното (истрошеното) јадро на ѕвездата во центарот на маглината повторно се разгорува.

Последниот блесок од хелиумовата обвивка е доста насилен, при кој се исфрла облак од гас и прашина кој формира дебел штит (кожурец) околу ѕвездата кој ја блокира видливата светлина. До 2000-та година овој прашлив облак бил толку дебел што Сакураи Објектот не бил видлив ниту со Хабл Телскопот. Научниците од NOAO (National Optical Astronomy Observatory) го набљлудувале небото во пределот каде овој објект припаѓа, очекувајќи инфрацрвената радијација да помине низ облакот од прашина. Инфрацрвената радијација пенетрира низ прашина поефективно од оптичката светлина. Забележувањето на инфрацрвена светлина би значело дека прашливиот облак се распаѓа и евентуално ќе дозволи обичната светлина од ѕвездата да продре од облакот.

Користејќи го AO (Altair adaptive optics) системот, со Gemini North телескопот на Мауна Кеа во Хаваи, со цел да се компензираат дисторзиите на светлината создадени од Земјината атмосфера, двајца астрономи од NOAO, успеале да ја набљудуваат обвивката од излезниот материјал околу ѕвездата. Според Др. Ричард Џојс, кој е на чело на програмата за сликање, “Користејќи до AO со Gemini ни дава досега невиден поглед во срцето на овој објект и ни покажува неколку бледи ѕвезди каде што објектот на Сакураи би требало да се наоѓа”. Тимот ги споредил сликите од Gemini со оние добиени од Хабл Телескопот, сликани пред објектот да избледе од видик, со цел да се здобие прецизната локација на објектот. Сликите од AO имаат резолуција од 0.04 арк секунди (оваа мерка е еквивалент како да побараме некој да ни каже колку прсти држиме на растојание од 300 километри) со кои чисто се разјаснија голем број од ѕвездите, кои инаку би изгледале заматени и споени при набљудување од Земјени телескопи. “Првичните Gemini слики, добиени во 2010-та година, покажаа и бледа нејасна точка близу локацијата на Сакураи. Вчудоневидувачкo е нивото на детал кое можеме да го забележиме.”, вели Џојс. “До 2013 година, Обејктот на Сакураи беше очигледен кај оваа локација заедно со два исфрлени облаци, благодарение на овие набљудувања”

Др. Кенет Хинкл, кој е главен автор, вели, “Објектот на Сакураи изгледа дека оформува биполарна маглина: во последните 3 години две крила од гас се набљудувани како се придвижуваат надворешно од централната ѕвезда. Биполарната маглина е грубо подредена со планетарната маглина. Планетарната маглина е формирана од гас кој бил исфрлен пред 10 000 години од страна на црвен џин. Усогласувањето укажува кон постоењето на придружничка ѕвезда или планета во системот”. Прикажаната уметничка концепција ја претставува сегешната претпоставена експандирачка обвивка од гас и прашина околу ѕвездата. Објектот на Сакураи е доста посветол во инфрацрвениот регион на спектарот, отколку во регионот на видлива светлина, заради фактот што е обвиен од прашина. Кај оваа илустрација ѕвездата изгледа црвена бидејќи плавата светлина од ѕвездата е апсорбирана од самата прашина.

Како што ѕвездите од типот на нашето Сонце доаѓаат кон крајот на својот живот, тие се прошируваат и ладат при што еволуираат во светли црвени џинови. Кога нивното нуклеарно гориво е потрошено, како резултат се добива, т.н оладено јадро, наречено бело џуџе. Сепак кај 10 – 15 % од ѕвездите како нашето Сонце, се задржува остаток на водород и хелиум со кој се започнува ново нуклеарно горење преку кое рапидно се запалува бледото бело џуџе. Оваа фаза е наречена последниот блесок. Иако не е невообичаено, пулсирањето трае толку кратко, да неговото забележување претставува навистина реткост: постојат само три тековно познати ѕвезди за кои се знае дека се подлегнати на последната фаза на блесок. Проценките од фреквентноста на такви блесоци на објекти во нашата галаксија укажува дека еден ваков настан се случува на секои 10 години. Последно набљудуван случај од ваков карактер бил од астрономи во 1919-та година.

Лоциран во соѕвездието на Стрелец, во насока кон ценарот на Млечниот Пат, растојанието до Објектот на Сакураи може да биде измерен од експанзијата на прашинестиот облак. Моменталните податоци покажуваат дека се наоѓа помеѓу 6 800 и 12 000 светлосни години од Земјата. Како што остатоците од облакот ќе продолжат да се шират, така ќе биде полсено да се процени прецизно растојанието како и останатите параметри од интерес за овој објект.

Превод: Бојан Андоновски

Извор: Phys.org

Сподели.