Ново истражување покажува дека живот на Марс е можен

0
Ново истражување покажува дека живот на Марс е можен

Целосна фотографија од Марс. Заслуги: NASA/JPL-CALTECH

Исто како Дејвид Боуви, астрономите често се прашуваат дали постои живот на Марс. Иако мистеријата е истражувана 40 години, одговорот сè уште не е пронајден.

Но, ново истражување, објавено во списанието „Astrobiology“ одново ги разгледува анализите во последните четири децении од Црвената планета со аргумент дека можноста од живи микроорганизми на Марс е поголема од она што многу научници го мислат.

Истражувањето е базирано врз Labeled Release (LR) експерименти од сондите Викинг на Марс во доцните 1970-ти. LR беше замислено да бара метаболички знаци – хемиски продукти од живи организми. Истрагата пронајде некои интересни хемикалии, но авторите на извештајот од 1976, Гилберт Левин (Gilbert Levin) и Патриша Ен Страт (Patricia Ann Straat) ги сметаа резултатите за неубедливи.

Истите двајца научници работеа на нова студија, со преиспитување на податоците од Викинг во комбинација со новите податоци од друга мисија која испитуваше вода, метан и и органски соединенија. Тие заклучиле дека небиолошките објаснувања за податоците од Викинг се недоволни и дека биолошката хипотеза е сè уште силен кандидат.

Во LR експериментите, примероци од земјата на Марс биле помешани со капка од разреден раствор на хранливи материи со радиоактивен изотоп на јаглерод. Воздухот над примероците бил набљудуван и истражувачите подоцна детектирале радиоактивен изотоп во јаглеродниот диоксид. Кога резултатите беа повторени недела дена подоцна, тие не го пронашле истото, што покажува дека хемиската реакција не зависела од живи организми.

Алтернативната хипотеза сугерира дека е присутен оксидирачки агенс кој ги претворил додадените состојки во јаглерод диоксид. Состојката, позната како пероксидно модификуван титаниум диоксид, изгледа продуцира слични резултати на оние регистрирани од сондите Викинг.

„Дури ако некој не е е убеден дека Викинг LR резултатите даваат силен доказ за живот на Марс, оваа статија јасно покажува дека можноста за тоа треба да биде земена предвид“ изјави Крис Мекеј (Chris McKay), уредник по астробиологија и астробиолог со NASA Ames истражувачкиот центар во Калифорнија.

Можеби изгледа како „ужасна мала афера,“ (“god-awful small affair”), но присуството на микро живот на Марс може да биде од клучна важност во одлучувањето за тоа кој е најдобар пристап за идните мисии на Црвената планета.

Превод: Александра Бошкова

Извор: IFL Science

Сподели.