Нови истражувања пронајдоа доказ за промена на годишните времиња и дожд на северниот пол на Титан

0

Новите истражувања обезбедија доказ за врнежи од дожд на северниот пол на Титан, најголемата месечина на Сатурн, прикажана на сликата. Според истражувачите, дождот е првиот индикатор за почеток на летото во северната хемисфера на месечината. Заслуги:NASA/JPL/Универзитетот од Аризона

Фотографијата од интернационалното вселенско летало Касини обезбеди доказ за врнежи од дожд на северниот пол на Титан, најголемата месечина на Сатурн. Дождот е првиот индикатор за почеток на летото во северната хемисфера на месечината.

„Целата Титан заедница очекуваше да види облаци и дожд на северниот пол на Титан, укажувајќи го почетокот на летото на северот, но и покрај тоа што

климатските модели го предвидија тоа, не видовме ниеден облак“, изјави Раџани Дингра, докторски студент по физика на Универзитетот Ајдахо во Москва и водечки автор на новите студии прифатени за објавување во Геофизички Истражувачки Писма, списание на Американската Геофизичка Унија. „Луѓето го нарекуваа необичниот случај на облаците што недостасуваат“.

Дингра и нејзините колеги идентификуваа рефлективна карактеристика во близина на северниот пол на Титан на фотографија направена на 7 јуни 2016 година од визуелниот и инфрацрвен спектрометар за мапирање на Касини. Рефлективната функција опфаќа околу 120000 километри квадратни,приближно половина одголемината на Големите Езера, но не се појави на фотографиите од предходните и последователните минувања на Касини.

Анализата на краткорочната рефлективна карактеристика сугерираше дека најверојатно е резултат на сончева светлина која се одразува од влажна површина. Студијата го припишува одразот на настанот на дожд од метан,проследен од можен период на испарување.

Северниот пол на Титан како што се гледа од спектромртарот за визуелно и инфрацрвено мапирање на Касини. Портокаловата рамка ја прикажува влажната површина, што анализите укажуваат на доказ за промена на временските сезони и дожд на северниот пол на Титан. Сината рамка го прикажува проширениот регион во долната фотографија. Долната фотографија е со проширен поглед на северниот пол на Титан. Темно сините стрелки ги означуваат облаците. Црвената стрелка ја означува рефлексијата од езерото Ксолотлан Лакус. Розевите стрелки ги прикажуваат влажните региони. Црната точка го претставува северниот пол на Титан. Светло сините стрелки ги претставуваат рабовите на најголемото северно поларно море, Кракен Маре. Заслуги:NASA/JPL/Универзитет на Аризона

„Тоа е како да гледаш отсјај на сончеви зраци од мокра површина“, изјави Дингра. Оваа рефлективна површина ги претставува првите набљудувања на летен дожд на северната хемисфера на месечината. Ако се спореди со годишниот циклус начетирите годишни времиња на Земјата, едно годишно време на Титан трае седум Земјени години. Касини пристигнал на Титан за време на јужното лето и забележал облаци и врнежи во јужната хемисфера.

Климатските модели на Титан предвиделе дека слични временски услови ќе се случат во северната хемисфера во годините што водат до краткоденицата во северното лето во 2017. Сепак до 2016 очекуваните облаци во северната хемисфера не се појавиле. Ова истражување може да им помогне на научниците да се придобијат со поголемо разбирање за годишните времиња на Титан.

“Сакаме нашите предвидувања од моделот да се совпаднат со нашите истражувања. Ова откривање на врнежи докажува дека климата на Касини ги следи теоретските модели за климата што ја познаваме.” изјави Дингра. “Лето е. Малце задоцнето, но лето е. Мораме да разбереме што довело до доцнење.”

„Дополнителните анализи сугерираат дека дождот од метан паднал на релативно песочна површина“, изјави Дингра. Грубата површина генерира аморфен модел кога течноста се поставува во пукнатини и олуци, додека течноста што паѓа на мазна површина ќе се формира во релативно кружна форма. Дингра го користи ефектот на „отсјај од мокра површина“ како дел од нејзиното истражување за да пронајде дополнителни врнежи од дожд на Титан.

Превод: Лазар Динев
Извор: Phys.org

Сподели.